Запознајте ја Руте – нашата нова практикантka од Португалија

Здраво! Јас сум Руте и доаѓам од Чавес, мал португалски град во близина на границата со Шпанија – детал поради кој го владеам и шпанскиот јазик. Имам 21 година и се преселив во Порто (дом на познатото вино „Вињо до Порто“) пред три години за да дипломирам Комуникациски науки со специјализација во новинарството.

За време на студиите имав можност да живеам во Романија и така го започнав моето четиримесечно патување низ Европа, при што завршив две практикантски работи, од кое едната во Лисабон. Овие искуства ми помогнаа да сфатам дека сакам да дознавам интересни човечки судбини, да ги споделувам, да истражувам, да ги проверувам фактите, да пишувам стории и да откривам што се случува околу нас… И сето ова сакам да го правам во една мултикултурна средина каде ќе можам да научам многу повеќе преку запознавање на луѓе со различна култура, начин на размислување и искуство. Звучи токму како Волонтерски Центар Скопје, нели?

Обожувам да учам и да откривам нови работи и бидејќи не бев сигурна на кое поле да продолжам со студиите, ова шестмесечно искуство во ВЦС и во Македонија се чини како одлична шанса да ми помогне во изборот.

Волонтирањето не е новост за мене. Како волонтер помагав уште додека бев средношколка: и тоа од помагање при организација на настани до грижа за старите луѓе што ми претставуваше огромно задоволство. Но, спојувањето на волонтирањето со пишување статии и дизајнирање страници во магазинот „Воисес“ во интернационална атмосфера е мојот сон и со нетрпение чекам да започне да се остварува!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: