Извидниците за својот град

Нашиот извиднички одред „Браќа Миладиновци“, повеќе од 20 години наназад традиционално ја организира акцијата „Извидниците за својот град“ по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Град Скопје. Вообичаено, низ годините, оваа акција ја одржуваме во Скопје и во неа учество земаат над 200 деца и млади поделени во четиричлени екипи. Всушност, оваа акција е позната по тоа што секоја година е една од најмасовно посетените акции со извидници од сите возрасти. 

Акцијата има натпреварувачки карактер, односно, екипите, поделени според извидничките возрасни категории, поминуваат патека која содржи неколку контролни точки каде се извршуваат одредени извиднички, едукативни и забавни задачи или активности кои соодветно се бодуваат. 

За жал, оваа година поради состојбата со „Ковид-19“, повеќето извиднички активности – традиционални акции, кампови и обуки беа откажани, а дел од програмата се спроведуваше онлајн, со што успеавме да одржиме континуитет и активност и покрај сите пречки. 

Едногласно решивме дека во овие тешки услови – не само што можеме, туку и пожелно е ние како извидници, но и воопшто граѓаните, да направиме нешто убаво за својот град и сограѓани и да се разведриме со добри дела и содржини. 

Така, „Извидниците за својот град“ се приспособи на условите што ни ги понуди годината и доби нов облик. Се одржа преку индивидуални или активности во мали групи до четири лица, а активностите се спроведоа преку правење добри и убави дела за нашите градови, сограѓани, заедници, природата и живиот свет, како и преку фото и видео документирање и споделување информации и факти за знаменитостите и скриените богатства кои ги има секој град. 

Во неколкудневната акција, учествуваа повеќе одреди од цела Македонија и тоа со повеќе различни активности. На пример, извидниците од нашиот одред „Браќа Миладиновци“ се вклучија во акција за пошумување на Скопска Црна Гора и засадија 40-на дрвца во пределот околу Спирова колиба, засадија дрва во населба Аеродром во близина на нашата одредска просторија, спроведоа акции за расчистување ѓубре од Парк шума Гази Баба и од Водно, поставија хранилки за птици и храна за бездомни кучиња и мачки, патокази до составот на реките Треска и Вардар во СРЦ Сарај и споделија фотографии и кратки едукативни текстови за неколку одбележја на Скопје, како Арапската куќа, палатата Шкаперда… 
Извидниците од Првиот Скопски Извиднички Одред и ИПО Галеб, пак, садеа цвеќиња, расчистуваа и селектираа отпад, изработија и поставија хранилки за птици, хранеа бездомни животни, донираа облека и книги. ИПО Сидро постави освежителна станица на Водно, ИО Еквинокс од Штип спроведоа акција за расчистување ѓубре и поставување едукативни материјали за подигнување на еко-свеста, ИПО Јадран од Скопје се вклучи во хранењето бездомни животни и фото-ловот, а ИО Феникс од Прилеп реставрираше лулашки во нивниот град. 

Бидејќи овие дела и активности кои ги направија одредите се за поздрав и заслужуваат благодарност, нашите пријатели „Sheezick na reezick“ не поддржаа со подарок постери со мотиви од Скопје за сите вклучени одреди, за спомен на овој важен ден за нашиот град и оваа уникатна извидничка акција.

Сите активности ги спроведуваме во духот на името на акцијата – „Извидниците за својот град“ и мотото на извидниците ширум светот – „Создаваме подобар свет“ (Creating a better world). Нашата главна цел е со оваа акција да ги разведриме нашите сограѓани во овој тежок период, да направиме нешто убаво и добро за нив и за нашите градови, а секако и да ги поттикнеме и нив да продолжат со вакви дела и активности, бидејќи секој од нас може да направи барем по едно мало дело, а кога сето тоа ќе се собере, всушност, правиме големи промени и создаваме подобар свет. 

Во оваа прилика исто така сакаме да информираме дека периодов вршиме уписи на нови членови на возраст од 8-9 години, па до 77, со што доколку има заинтересирани можат да не најдат на фб страната (Извиднички одред „Браќа Миладиновци“) и да не контактираат.

Со извиднички поздрав, 
ЗДРАВО!!!

Со почит, 
Извиднички одред „Браќа Миладиновци“

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

<span>%d</span> bloggers like this: