Волонтерски Центар Скопје продолжува со активностите поврзани со проектот “Towards Effective Humanitarian Volunteering” – TEHV за програмата EU Aid Volunteers.

На 01.12, 02,12 и 03.12.2020 се одржаа онлајн тренинзи на кои беа претставени алатки и начини за правилно детерминирање на потребите на организацијата домаќин, потребите на волонтерите, како и правилна евалуација на резултатите од проектите.
Првиот ден ни беше презентирана алатката “Културен компас”, веб сајт на кој може да се направи споредба помеѓу две или повеќе држави според неколку индекси – разлика во економската моќ, квалитет на животот, долгорочни планови, индивидуализмот и избегнување на несигурност. Оваа алатка е многу корисна бидејќи ги укажува културните и економски разлики помеѓу земјата на организацијата домаќин и земјата од каде доаѓа волонтерот и според тоа може да се одредат потребите, очекувањата и прилагодувања на организацијата домаќин.

Втората алатка која ни беше претставена е прашалник кој секоја организација треба да го има и кој се однесува на утврдување на јазот помеѓу тековните резултати и потенцијалните/можните резултати, кои се потребите за заедницата, што е потребно за волонтерите да го надминат јазот од нивните сегашни резултати до потенцијалните и можни резултати, начини на кои волонтерите ќе бидат вклучени во работата на организацијата, ценење на нивниот труд, поддршка и мотивирање за креативност и иновации во работењето, прифаќање на културните разлики и вклучување во локалната заедница со прилагодување на локалните стилови на управување и почитување на локалните културни норми. Исто така прашалникот треба да содржи податоци за техничките можности потреби и создавање на пријатна и сигурна работна околина.

Вториот ден продолживме со тренингот во кој поделени во групи практично ги одговаравме прашањата од прашалникот, разменувавме идеи и размислувања за очекувањата и сомнежите на организацијата и волонтерите и начините за нивно приближување, градење стратегии за регрутирање и мотивирање на волонтери како и за еволуација на резултатите и импактот на проектот врз локалните заедници.
Третиот трениг се однесуваше на еволуација на волонтерскиот менаџмент, собирање на податоци преку кои може точно и правилно да се одреди вложениот труд, податоци за тоа колку учесници од целната група биле опфатени со обуката, добиените знаења и практичниот импакт врз заедницата.
Со овој тренинг Волонтерски Центар Скопје ги зајакна своите капацитети поврзани со волонтерскиот менаџмент и градење на стратегии за препознавање на потреби и евалуација, како и за мотивирање и регрутирање на волонтери. ВЦС неуморно продолжува со својата работа во областа на хуманизмот и волонтерството и во овие тешки времиња на светска пандемија.
Јосип Гегај
Андреј Наумовски
Leave a Reply