Зошто се уште постои Кралско Семејство во Велика Британија?

Markus Spiske – Unsplash

Британскотокралско семејство доживува бурни времиња последниве години: од вмешаноста на принцот Ендрју со осудениот Џефри Епштајн за секс-трговија до изјавите на Меган Меркл за расизам и недоволна поддршка од семејството.

Само во 2020 година, околу 69 милиони фунти од даноци беа искористени за кралското семејство, повеќе отколку било кога претходно, според „Статиста“. Истовремено добротворното здружение од ОК „Засолниште“ направи проценка на бројот на бездомници дека е некаде околу 280.000.

Во Обединетото Кралство e во подем движењето на „републиканците“. Ова политичко движење бара да се замени монархијата со република со избран шеф на државата. „Бидејќи не можеме да ја задржиме Кралицата и нејзиното семејство на гласачка кутија, не постои нешто што може да ги спречи да ја злоупотребат таа привилегија, како и нивното влијание или едноставно да ги трошат нашите пари“, наведува „Republic.org“.

Истовремено, тие веруваат дека монархијата ги повредува монарсите. Во својата книга „Господ ја спаси Кралицата“, Јохан Харл расправа дека секој член од кралското семејство страдал психолошки од системот во кој се родени. Меган Меркл, поранешна американска актерка и сопруга на принцот Хари откри дека има траумакако дел од Кралското Семејство и тоа сериозно го нарушило нејзиното ментално здравје, доведувајќи ја на раб на самоубиство.„Татко ми и брат ми се заглавени, не можат да заминат. И јас сум многу чувствителен на тоа“, изјавува принцот Хари во интервјуто за американското шоу кај Опра Винфри.

Но зошто монархијата сеуште има толку голема поддршка во Велика Британија и во целиот Свет?

Во Велика Британија, премиерот е шеф на владата додека кралицата е шеф на државата. Кралицата е во постојан контакт со премиерот, иако ниедна конечна одлука не зависи од неа. Многу малку се знае за нејзините политички гледишта. Ако тие се знаат јавно тоа ќе ја подели нацијата. На редовната неделна посета на Бакингемската Палата, таа е на располагање како искусен и непристрасен глас. Со своето служење на 14 премиери и на 12 американски претседатели, таа се стекнала со огромно искуство.

Michael Garnett – Flickr

И покрај тоа, Кралското семејство обезбедува единство и традиција. Тие имаат носталгична вредност. Политичарите доаѓаат и си одат, но успешно Кралско Семејство создава чувство на олеснување и припадност. Народот ги запознава нивните монарси-оние кои се грижат и оние кои не го прават тоа.

Мрежата која ја создаваат им обезбедува влијание во дипломатијата. Форбес ја става Кралицата Елизабета на 46. место од највлијателните жени во 2020 година. И покрај тоа, трошоците на даночните обврзници се огромни, се проценува дека туристите потрошиле повеќе од милијарда долари при посетата на Лондон за свадбата на Хари и на Меган.

Голем дел од нивната работа е нивниот придонес за хуманитарни цели. Членовите на Кралското семејство имаат околу 3000 покровители во добротворните организации, а само кралицата ја изразува својата поддршка на околу 600. Дијана, принцезата од Велс ги користеше добротворните цели за разбивање на стигмата за време на нејзиниот животен век. „ХИВ не ги прави луѓето опасни за запознавање па затоа можете да се ракувате и да ги прегрнете: Небото знае дека тоа им е потребно“.

Ако погледнеме кон блиската иднина, понизок рејтинг на кралското семејство е за очекување. Кралицата Елизабета сега има 94 години. По нејзината смрт, нејзиниот син принцот Чарлс ќе биде следниот Крал на Велика Британија. И покрај напредокот направен во последните декади, на неговата јавна појавност, најверојатно е дека ќе се соочи со несогласување поради неговата афера со Камила Паркер Боулс во 90-те. Во интервју кај Опра, принцот Хари откри дека неговиот татко Чарлс престанал да му се јавува во 2020 година и дека финансиски го изолирал. Според сајтот yougov.com.uk, Кралицата има рејтинг од 72%, додека Чарлс има само 47%.

Само иднината ќе покаже дали монархијата ќе преживее. Сега за сега, сеуште се многу влијателни и тешко е да се замисли Велика Британија без кралско семејство.

Клариса Лојте

Линкови:

https://www.statista.com/chart/18569/total-cost-of-the-uks-royal-family-by-year/
https://www.republic.org.uk/what_we_want
https://www.cbs.com/shows/oprah-with-meghan-and-harry-a-cbs-primetime-special/
https://www.statista.com/chart/18569/total-cost-of-the-uks-royal-family-by-year/
https://www.crisis.org.uk/ending-homelessness/about-homelessness/
https://www.forbes.com/power-women/#9b617985e252
https://yougov.co.uk/topics/arts/explore/title/British_Royal_Family
https://www.cnbc.com/2015/10/14/the-monarchys-royal-gift-to-britains-economy.html
https://www.royal.uk/role-royal-family#:~:text=Members%20of%20the%20Royal%20Family,strengthen%20national%20unity%20and%20stability.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: