Кирил Марковски: Силниот дух на две тркала

Македонскиот велосипедист Кирил Марковски (22) стана национален шампион на Македонија во Цикло-Крос. Тој е еден од надежите на велосипедизмот во земјава.

Додека спортовите како ракомет, кошарка и, особено, фудбалототкако македонскиот национален тим се квалификува за Европското првенство, се широко прифатени и следени од луѓето во Македонија, другите спортови сеуште не уживаат таква популарност. И велосипедскиот спорт е еден од тие. Сепак, сеуште има таленти и успешни приказни да се пронајдат. Затоа во ова месечно издание на „ВОИСЕС“ даваме можност да го претставиме Кирил Марковски, еден од македонските надежни таленти. Со своите 22 години, тој веќе има освоено неколку натпреварувања, во различни дисциплини на велосипедски трки, вклучувајќи го и националното првенство.

Неговата страст за велосипед започнала многу порано, но работите се искристализирале во 2015 година, кога се одржал првичниот настан: „Се вратив од тренинг, го вклучив телевизорот и се појави велосипедска трка. Колку што се сеќавам, се прикажуваше ’Тур де Франс’, и колку што паметам, Марк Кевендиш победи на тој драматичен финиш. Во истиот момент си помислив: ’утре ќе се зачленам во велосипедски клуб и ќе почнам да возам’“.

Тогаш Кирил се зачлени во велосипедскиот клуб ЕБТС и работите тргнаа сериозно.

Од тој момент, му требаше само една година да ја стекне титулата јуниорски првак на Македонија во Крос-Кантри олимписки велосипедизам (ККО) на возраст од 18 години. ККО е дисциплина на планински велосипедизам, каде возачите треба да извозат одреден број кругови на кратка стаза. Победата му овозможи на Марковски да учествува на Балканското првенство 2016 година во Црна Гора во планински велосипедизам, каде го освои 6-то место од 30 учесници.

Но, Кирил не се посвети само на планинскиот велосипедизм. Веќе од 2017 година тој се испроба и во друг тип на велосипедизам, воглавном роуд велосипедизам, кој наскоро стана негова втора пасија. Тој стана лидер во клубот Вело-М и учествуваше на многу трки. Покрај националните, тој учествувал и на меѓународните роуд велосипедски трки во Кипар, Србија, Бугарија и Албанија.

Исто така, на 28-ми февруари, оваа година, Кирил го освои Македонското првенство во Цикло-Крос, форма на велосипедска трка која се состои од повеќе кругови на кратко растојание, која вклучува различен терен, дури има и носење на раце на велоспедот на одредени места. После ова остварување, Кирил ќе се посвети на следната професионална цел-да биде национален првак во планински велосипедизам.

Иако остварувањата на Марковски звучат како совршена основа за одлична професионална иднина, велосипедистот признава дека гледа ограничувања поврзани со матичната земја: „Инвестирањата во спортот, овде во Македонија, едноставно не се доволно големи, а трките во странство се ретки, што го потврдува фактот дека сме далеку од успесите на меѓународна сцена“.

Кога го запрашале да ги спореди условите за велосипедизам со другите држави вели дека „не може да се спореди, ниту според начинот на организирање настани, трки, услови, ниту пак во клубскиот спорт. Ние како велосипедисти се трудиме да дадеме максимум но немаме некои придобивки од тоа“.

Сепак, ова не го обесхрабрува Марковски секогаш да го даде најдоброто од себе, на крајот на краиштата, велосипедизмот е неговата страст. Покрај натпреварите и професионалните цели, Кирил, исто така, си поставува и сопствени предизвици. Едно од неговите најголеми достигнувања е поминувањето на 600 км за 24 часа. И веќе го има на ум следниот предизвик, воглавно ридско возење велосипед нагоре и надолу, во еден здив повеќе пати додека не ја достигне должината од 8848 метри-тоа се нарекува Еверестинг.

Присуството на луѓе како Кирил е важно за промовирање на спортови кои се малку застапени како велосипедизмот и да стане пример за младите луѓе да се инспирираат.

Кристофер Махолд

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: