“Волонтери на Руски јазик”

Руско-македонски проект именуван „Волонтери на Рускиот јазик” е нов младински едукативно-културолошки проект создаден на иницијатива на македонска организација за културна соработка „ИНТЕРКУЛТУРА“ од Скопје и руската младинска организација „Фонд за  развој на општествена дипломатија“ од Краснодар.

Проектот има за цел, да придонесе за формирање на позитивна слика за Русија кај помладата генерација на Македонија преку промовирање на рускиот јазик и култура меѓу македонското младинско опкружување со одржување разговорни клубови на руски јазик и неформално-едукативни активности, каде што  учесниците на разни релевантни теми ќе комуницираат на рускиот јазик.

Цели и задачи на проектот се создавање платформа за меѓукултурна размена помеѓу млади луѓе од Руската Федерација и Македонија, подобрување на нивото на владеење на руски јазик за македонски ученици кои  го изучуваат руски јазик во училиштата и  популаризација на рускиот јазик и култура кај младите во нашата земја.

Целната група на проектот се ученици на возраст од 16 до 19 години кои изучуваат рускиот јазик во училиштата во градовите Скопје, Куманово и во Велес, како и студенти по филологија на Кубанскиот државен универзитет од рускиот град Краснодар.

Проектот се очекува да започне во септември и истиот да биде имплементиран до крајот на 2021 година. Проектот ќе се одвива во онлајн формат, поради глобалната пандемиолошка ситуација.

Во период од март до јуни 2021година, организациите од Македонија и од Русија спроведуваат подготвителни активности преку интернет платформи со ученици од средните училишта од Скопје, Велес и од Куманово, како и студентите од универзитетот од Краснодар. Во активностите учествуваат учениците од средните училишта СОУ „Перо Наков”, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово, од ОСУ „Јовче Тесличков”, ССОУ „Коле Неделковски” и  СОУ „Кочо Рацин” од Велес, како и учениците од Центарот за дополнителна обука на руски јазик “Озарение” од Скопје. Подготвителните активности имаат за цел да го поттикнат учеството на ученици во проектот „Волонтери на Рускиот јазик” , меѓусебно запознавање, како и претставување на своите образовни институции и градовите  во кои живеат и учат.

Сите активностите се и ќе се спроведуваат под раководство на професорите по руски јазик и книжевност кои предаваат во тие училишта.

Овој проект за млади добива поддршка од локалните младински организации и институции од Македонија и Русија. Големо значење за реализација на проектот е поддршката на федералната агенција при Амбасадата на Руската Федерација во Скопје – Россотрудничество во Македонија.

Проектот е аплициран до Фондот за претседателски грантови при Руската Федерација.

Автор: Анѓеловска Ивана
Проект Координатор ИНТЕРКУЛТУРА

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: