Песна за езерото

Правилна

По езерскиот брег се шетам

И бели галеби гледам

Планинските врвови како се обледуваат

И неколку патки од трските излегуваат

Големи чунови како ловат

Малечки бродови како пловат

Сонцето полека зад планината се спушта

Езерската свежина мене ме гушка

Одам на песокот и си мислам:

Крај ова езеро вечно да сум сакам…

Неправилна

Кога ја слушам таа песна

И кога ја гледам таа вода

Си мислам дали таа готвачка беше чесна

И ја здогледувам водата и гледам фока

Се чувствувам свежо

И јадам риби

Гледам во небото и ми паѓа лесно

И ги гледам облаците и ми изгледаат убави

Потоа се присеќавам:врнеше вечерва…

И потоа си помислувам:сега е време за вечера

Гледам убаво патче

И добивам ужасна мисла

Потоа погледнувам во моето тавче

И мислата ме погаѓа: паткава личи на риба…

*I am the walrus-The Beatles

                                                                                                                                   Дамјан Веселиноски

Related posts

%d bloggers like this: