Точка на кршење

Како се доаѓа до оваа состојба?

Дали има враќање назад?

Како да се залепиме?

Прво, претпоставувам, треба да расчистиме со себе…

Дали ова вреди?

Дали било што вреди колку моето здравје? Колку мене?

Колку мојот мир? Колку мојот дух?

Потоа, уште колку?  До кога?

Уште колку чаши кафе ќе го надоместуваат изгубениот сон?

Уште колку езера солзи ќе бидат привремено гасење на гневот кон системот кој крши?

Уште колку апчиња ќе бидат привремен ублажувач на болката што се лечи само со внимание и љубов.

Љубов, каков збор

Ја раздаваме на секому, а за нас?

За нас ништо не останува…

Па, тогаш што воопшто раздаваме?

И најпосле, за што?

За бројка на лист хартија…

За просек на лист хартија…

За плата?

Каков концепт

Зар со здравје ќе плаќаме за здравје?

Класичен пример за еднострано давање….

И попосле, можеби квалитет наместо квантитет е добра филозофија?

И за крај, ајде да се вратиме на основата.

Да, токму тоа ни треба

Светот е брз, јас побрза

Побрза да направам добра одлука

Добра одлука како оваа, товарот на хартијава да го префрлам

Дишењето да си го смирам, секаде на време ќе стигнам

Светот е брз, јас побрза

Побрза на сонцето да излезам

Побрза духот секојдневно да го негувам

Побрза болести и истоштеност да престанам да романтизирам

Да, романтичарка сум, но романтичарка на ова?

Не, го романтизирам секој здрав оброк

Секоја чаша какао

И с`е што не е кул

Кул? Каков концепт

Ќе не убие тоа кул

Прекул за да спиеме сме

За здраво да јадеме

За да се смееме

За со себе да се соочиме

Бре, колку сме кул.

Светот е брз, а јас бавна

И тоа НЕ ме прави помалку забавна

*The Cottage Fairy на youtube

                                                                                     Дафина ,,Даффне” Веселиноска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: