АБВ на етичкото волонтирање во странство

Во последните децении патувањето на далечни места станува сè полесно и подостапно. Покрај овој тренд се појавија и нови, алтернативни форми на патување. Многумина се одлучија да волонтираат во странство со цел да направат некаков спој на задоволството што го носи истражувањето на егзотична држава и работењето во локална хуманитарна организација. И покрај тоа што волонтирањето се чини фер спогодба на прв поглед, овој феномен предизвика и бура од критики. „Воисес“разговарашесопоранешни волонтери и со директорот на Forever Angels, хуманитарнаорганизацијаво Танзанија.

Волонтирањето во странство станува сè повеќе популарен начин на патување. Додека волонтира, патникот престојува во друга земја и најчесто работи во хуманитарна организација. Работните задолженија можат на пример да бидат од областа на здравствената заштита, образованието или земјоделството. Вообичаено, волонтирањето се одвива во некоја од земјите во развој, а волонтерите доаѓаат од богатите, западни земји. Младите луѓе гледаат на волонтирањето како можност за патување особено во периодот на пауза помеѓу студиите и почнувањето со работа. Терминот voluntourism, пак, означува повеќенеделно патување каде неколку дена од програмата се посветени на „волонтирањето“.

Студентките по социјална работа Ели Јутила (25) и Миа Хиекамеки (31) од Финска имаат волонтирано во сиропиталиште во Бали, Индонезија. Јутиласподелисо„Воисес“декаискуствотоја научило за „човековото достоинство, различните култури и разноликоста на животот“. Најважниот исход од нејзиниот престој го поистоветува со „срдечните средби со децата и младите“ и фактот дека им овозможила да ја запознаат неа и нејзината култура. Хиекамекивелидекаискуството „игооформилсветогледот“ иидаде„новаперспективаодпрофесионаленаспект“.

Финскиот младински работник Јуси Лоухима (27) се здобил со искуство што за него било вистинско откровение додека волонтирал во Танзанија. „Сездобивсоновигледиштавоодноснаживотниотстандардналуѓето“, велитој изабележувадекалуѓетокогасевраќаатдома „имааттолкумногуработиштотие (Танзанијците) гинемаат“, а сепак,тојвоочувадекаТанзанијците „имаатмногунешташтониевеќенегицениме“. Лоухима верува дека искуството му го променилоначинотнаразмислување:„Вопоследновреме поинаку размислувам за некои работи“.

Покрај индивидуалниот ефект врз волонтерите, престојот може даим биде од полза и наорганизацијатадомаќин, како и заедницата. Како и со секој вид на туризам, волонтерите ја раздвижуваат локалната економија со тоа што купуваат производи и услуги од локалното население. Згора на тоа, доколку волонтерот располага со соодветните вештини за зададените активности, може да биде од голема помош на организацијата особено во поглед на нејзиниот развој.

Другата страна на медалот

Постојат многу фактори што треба да се земат предвид кога станува збор за волонтирање во странство. Особено на сиропиталиштата кои примаат волонтери се гледа со доза на критика откако беше објавено дека во некои земји децата се разделени од нивните родители и живеат во сиропиталишта со цел да се продолжи со волонтерскиот бизнис. Врз основа на она што го има доживеано и Хиекамеки вели дека размислувала за фактот дека „многумина од западните донации би можеле да завршат кај некој што профитира од ранливите категории на деца“. Смета дека сиропиталиштето каде што тие волонтираа е веродостојно, но таа тврди дека посетиле и други места кои што „се чинеа сомнителни“. „Навистина постојат предизвици во поглед на етиката кога станува збор за волонтирањето“, заклучува таа.

Исто така, додека се работи со деца, треба да се земе предвид и развојната психологија. Јутила раскажува за тоа како почувствувала неправда во однос на влијанието „на западните туристи кои доаѓаат да ги посетат децата“. „Ја нема стабилноста која му е потребна на секое дете и млад човек“, вели идната социјална работничка.

Она што е исто така загрижувачко за многумина е доминацијата на богатото, западно општество во однос на посиромашните, постколонијални земји. Критичкиот пристап дури го дефинира волонтирањето како алтернативна форма на неоколонијализам, односно заедницата домаќин гледа на волонтерите како на супериорни, поставени повисоко на скалата на хиерархијата. Истражувањата, исто така, покажуваат дека јаглеродниот отпечаток што го оставаат волонтерите за време на нивните долги и кратки летови за да стигнат до нивната дестинација, е неоспорен.

Истражување – „транспарентноста“ е најважна

Има неколку работи што патникот мора да ги земе предвид кога планира волонтирање на далечна дестинација особено доколку сака сето тоа да биде етички.„Воисес“зборувашесоЕјмиХатавеј, основач и директорнаорганизацијаштосегрижизадецабезродителивоСевернаТанзанија. За време на петнаесетгодишното постоење на нивната организација „Forever Angels“,Ејми и нејзините колеги поминаа низ процес насамоанализа како и придавање колку што е можно поетичка основа на волонтирањето во нивната организација.

„Најпрвин, истражувајте, тоа е многу важно“, советува Хатавеј при изборот на организација за волонтирање. „Статистички гледано, 80% од сираците во сиропиталиштата низ цел свет не се сираци, и барем еден од родителите е жив“, ја расветлува сивата реалност. „Сиропиталиштата постојат само поради финансиски причини“. Хатавеј исто така дава тажни примери на сиропиталишта каде „родителите плаќаат за престојот на нивните деца верувајќи дека тоа се училишта“, или бидејќи „децата имаат можност за квалитетно образование на англиски овозможено од волонтерите“. „Во основа, со ваквите постапки се разделуваат семејствата“, вели таа. Доколку некој е заинтересиран заа волонтирање во сиропиталиште, Хатавеј ги охрабрува волонтерите да се осигурат дека местото каде сакаат да волонтираат „го промовирасемејното обединување“.

Безразликазакаковвиднаорганизацијастанувазбор, директороти основачна„Forever Angels“предлагаволонтеротдајапровери и финансискатасостојбанаорганизацијата. „Ако тие не сакаат тоа да го споделат со вас, тоа значи дека нешто не е во ред“, предупредува таа и заклучува дека организациите „треба да бидат транспарентни“.

Хатавеј исто така истакнува колку е важно волонтерот да не се зафаќа со работни задачи за кои не е компетентен. „Треба да се запрашате: ги имам ли потребните вештини за да го правам ова?“, предлага таа. „Многу важно прашање: можам ли да го работам ова во мојата земја?“, додава таа. Хатавеј го дефинира „ангажирањето студенти без потребните квалификации за да работат нешто за кое не се квалификувани“ како ризично и неетичко и таа потсетува дека тие позиции можат да бидат пополнети од страна на локалното население и некој кој што има повеќе способности за да ги извршува.

Според организацијата, пандемијата спроведе експеримент во кој ненамерно за прв пат од формирањето на организацијата нема волонтери. Таа вели дека времето поминато без волонтери е доказ за тоа колку е важна нивната поддршка за Baby Home. „Присуството на волонтерите придонесува за подобрување на искуството на децата во поглед на активностите и образовниот процес“, заклучува таа истовремено пожалувајќи се дека „децата заборавија да зборуваат англиски“.

Хатавеј исто така сака да го истакне значењето на волонтерското искуство за самите волонтери. „Сметам дека волонтирањето им дава можност на младите дастанат свесни за нееднаквоста на нашиот свет“, објаснува таа. Волонтерите кои ги споделија своите искуства со VOICESсе исто така доказ дека настанала промена во начинот на размислување особено по завршувањето на нивниот престој.

Еми Рисанен

Превод: Кристина Стаменова

https://www.worldvision.ca/stories/voluntourism-the-good-and-the-bad#2

https://www.sciendo.com/article/10.2478/ejthr-2019-0010

https://www.foreverangels.org/index.html

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: