Музиката во живо полека се враќа во живот!

Поминување време без пријателите, не излегувајќи на омилените места, не уживајќи го животот во целост… И не само тоа, за време на пандемијата, луѓето пропуштаа и уште нешто: свирењето музика во живо мораше да запре. Откако поминавме долго време меѓу четири ѕида слушајќи изведувачи на електронските уреди – сонцето постепено почна да излегува, а и концертите се на пат.

Веќе поминаа 15 месеци (не дека бројам). Сите музички настапи беа откажани кога короната нѐ удри. Тоа не беше баш лесно за музичарите, но дефинитино, не беше полесно ни за фановите. Чекајќи ги концертите со години, купувањето на билети однапред (понекогаш со малку добра среќа, бидејќи постојат многу луѓе желни да одат на концертот), и присуството на едно такво шоу ги прави љубителите на музиката полни со живот.

„Како адолесцент и волонтер, мене наавистина ми недостигаше одењето на концерти и настани во живо во минатата година и половина. Неколкупати, дури се фатив себеси како мечтаам за  преполн и гласен простор, одам во тоалетот и после тоа не можам да си ги најдам пријателите. Класично сценаио“, вели Марија, која, исто така, е волонтер на некои музички настани. Како што вели таа, пандемијата и требала за да сфати дека организирањето на овие работи не помага само да расте како личност и да ги гради своите вештини за тимска работа. Сепак, исто така, се чувствува добро бидејќи помага на заедницата и прави сите да се чувствуваат добро за време на концертот.  

Фановите беа во еден вид на подобра позиција отколку музичарите, бидејќи не изгубија работа и не мораа да смислуваат други решенија да заработат пари. Секако, парите не се единствената работа која музичарите ја изгубија за време на карантинот.

„Пред пандемијата, правевме свирки и се забавувавме многу, никогаш не ни се чинеше како да работиме. Кога тоа престана, беше поразителнo:  фактот декане може да се настапува толку долго време“, кажува Бехар, музичар.

Најлошо е што многу настани не се покриени со никакво осигурување, па конкретно на  помалите агенции им се заканува банкрот. За  да се надоместат загубите, музичарите почнаа со пренос на настани во живо за кои не е потребна комплицирана продукција и може лесно да се врши пренос од празна просторија. Иако тие се голем обем за публиката, создаваат ниски приходи за креаторите. Очигледно е дека тие не го даваат истото чувство како концертите во живо.

Растечкиот број на вакцинирани луѓе ни го дава светлото на крајот од тунелот. Најголемите фестивали веќе ги распоредуваат датумите во следната година. Некои музичари веќе ги имаат продадено билетите за оваа година. Но, најмногу од сѐ, постојат можности за музичари кои ќе настапуваат пред помала публика.

Срѓан Вучиќ, музичар во еден од локалните бендови, ги сподели своите ставови во врска со враќањето на музиката во живо во Скопје.

„Свирењето музика во живо не е мојата главна работа. Јас не свирам толку многу, но сепак, ми недостигаше чувството на свирење во живо пред публиката. Некои луѓе го прават тоа 3-4 пати неделно. Кога короната го удри светот, беше лошо за мене, но мислам дека не толку лошо како на некои други луѓе. По овие неколку недели, луѓето изгледа како да имаат повеќе енергија. Можеби дури и повеќе нѐ ценат, бидејќи немаа шанса да присуствуваат на вакви настани долго време“, вели тој.

Срѓан се согласува дека атмосферата е различна кога има музика во живо. Во текот на годините кои ги поминал во Белгија, било многу поразлично од музичката сцена во Македонија. Имало повеќе џем-сесии, но сепак било жива музика. И како што кажува самиот, не само свирењето таму, туку и да се биде дел од публиката е незаборавно чувство.

Некои музичари веќе имаа прилика да настапат во живо. Дарко Јованов и Јасна Трпкова се вратија на сцената. И за нив не беше лесно за време на корона вирусот. Но, им помона да сфатат некои работи кои не ги очекувале претходно. 

„Пронајдов неколку нови искри. Одеднаш почувствував дека можам да ја искористам паузата за да станам поинтимна со нацртот за мојот перформанс. Ми се разјасни кои делови се веќе одамна направени и кои скриени пламени сакам да ги разгорам во иднина. Исто така сфатив дека кога сме целосно резервирани, сите ние паѓаме во стапицата на рутината и се чувствуваме помалку заинтригирани да ги размрдаме работите. Тишината беше мостот кој ми беше потребен за поврзување на нови точки во мојата звуна утеха“, сподели Јасна.

Тие го искористија тоа време да спремат нов музички материјал кој подоцна ќе го споделат со публиката. Дарко вели: „Во тоа време, направивме цел албум кој сега е во процес на снимање. Со враќањето на настапите, може да го искористиме приливот на средтства да го финансираме албумот и да направиме нешто на кое ќе се гордеемме и двајцата“.

Во минатата година и половинс, тој престојувал дома, пишувајќи и компонирајќи музика со неговата девојка. Да се изведе таа музикa во живо е нешто што го чекал долго време. Неговата девојка, Јасна, вели:

„Нешто што најмногу ги разбрани моите очекувања беше можноста да се пробаат  некои нови нешта во изведбата и да видиме дали ќе го заситат гладот на нашата публика.

Што нѐ чека во иднина? Музичарите не се сигурни дека она што се врати ќе остане засекогаш. Дуото “Jazzna Dares” е повеќе реалистично отколку оптимистично.

Прилично сум несигурна. Моето одбегнување на сите видови медиуми кои црпат моќ од страв и пропаст ме прави оптимистична. Мојот внатрешен скептик се обложува дека работите ќе излезат на полошо. Се наоѓам некаде на средината. Убаво е чувството таму, без преголеми очекувања и без вознемирувачки предвидувања“.

Тие се сигурни дека после долг период на социјална изолација, секој сака да биде меѓу луѓе, да оди на забави, да танцува, и повторно да се забавува. Некои можеби се повеќе свесни од други, но генерално, имањето целосна доверба во големи групи дека ќе направат сѐ што е исправно, звучи малку глупаво. Поради тоа, пабовите, баровите, ноќните клубови и останатите културни места треба да ги одржуваат упатствата за да се осигураат дека сите ние можеме да ја оставиме оваа пандемија зад нас еднаш засекогаш во најбрз можен рок.

Најголем дел од музичарите се согласуваат со тоа. Бона Деа е повеќејазичен македонски бенд кој свири од сѐ по нешто. Иако периодот на пандемијата не беше лесен, тие не престанаа да свират. Напротив, започнаа со онлајн изведби и откриваа нови начини на изразување. Како што велат: „каде што има желба, има и начин“.

Во време на карантин, Бона Деа имаа изведби од дома преку видеа, како многу други музичари. Беше многу поразлично од концертите во живо, но им помогна да ја изразат својата креативност и да продолжат да го прават она што го сакаат. Иако беа продуктивни во најлошото време за сите изведувачи, олабавувањето на рестрикциите им дава надеж.

„Имањето можност да свириме пак е ослободувачко и прекрасно чувство. Музиката и секоја друга форма на уметност е моќен лек. Нас нѐ водеше низ овие тешки времиња. Сега, повеќе од кога било музичките изведби ќе ни помогнат да се поврземе и да уживаме. Останете информирани за нашиот следен концерт. Бона се враќа во градот“, велат тие.

Музичката индустрија изгуби многу во пандемијата. Некои музичари мораа и да си ја сменат професијата за некое време за да си ги достигнат своите музички соништа. Сепак, надежта и радоста за враќањето останаа присутни во многу од нив. Овој пат можеби и нема да исчезнат.

Ања Марек

Извори:
CRISIS, RESILIENCE, RECOVERY CISAC GLOBAL COLLECTIONS REPORT 2020

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: