Волонтерски Центар Скопје како дел од својата работа насочена кон хуманитарни активности и веќе зголемените и напреднати капацитети преку проектот “Towards effective humanitarian volunteering” гледа нанапред кон новата програма на Европската Унија за „Еразмус+“ и особено Европскиот Солидарен Корпус (ЕСК). Со крупни чекори граби кон новите предизвици и идните волонтери кои ќе бидат дел од Волонтерски Центар Скопје преку различните гранки на ЕСК.

Европската комисија на 15.04.2021 година ја објави новата програма на „Европски Солидарен Корпус” за 2021-2027 година и го издаде новиот програмски водич на ЕСК за 2021 година во кој се објаснува кои се целите, приоритетите и важните карактеристики на програмата и се прецизираат насоките за сертифицирање на организациите кои се влучени. Активностите ги поддржуваат целите на „Стратегијата за млади на ЕУ” за 2019-2027 година што ги охрабрува младите да станат активни граѓани, промовирачи на солидарност и позитивни промени за заедниците низ цела Европа, инспирирани од вредностите на ЕУ и европскиот идентитет. Во рамките на оваа програма спаѓа и поддршката за волонтирање во активности за солидарност поврзани со хуманитарна помош со посебната акција “Humanitarian Aid Volunteering” која е продолжение на програмата “EU Aid Volunteers”. Имајќи го предвид значителното зголемување на глобалните хуманитарни потреби и со цел да се унапреди солидарноста и потребата за хуманитарна помош меѓу граѓаните на Унијата, постои потреба и да се развие солидарност меѓу земјите-членки и со трети земји погодени од природни и секаков вид катастрофи. Помагањето на луѓето и заедниците надвор од Унијата на кои им е потребна хуманитарна помош, се засновани врз основните принципи на солидарност, неутралност, хуманост, независност и непристрасност. Акцијата им нуди можност на младите луѓе од 18 до 35 години да учествуваат во волонтерски активности, со цел поддршка на операциите за хуманитарна помош. Овие активности ќе им овозможат на волонтерите да извршуваат задачи потребни за поддршка на активностите преземени од нивната организација домаќин.
За учество во оваа програма потребен е посебен сертификат “Quality Label” кој го издава Извршната Агенција на Европската Унија (EACEA) со седиште во Брисел. Сертификатот за квалитет потврдува дека организацијата е во состојба да спроведува високо квалитетни активности за солидарност во согласност со принципите, целите и барањата на акцијата „European Voluntary Humanitarian Aid Corps”. Добивањето на овој сертификат за квалитет е предуслов за учество во волонтерски активности за поддршка на операции за хуманитарна помош. Откако ќе им биде доделен сертификатот за квалитет, организациите добиваат пристап до Порталот на ЕСК каде се повикуваат да понудат свои активности. Организациите може да ја користат базата на податоци за да бараат потенцијални партнери и учесници. Информациите во базата се објавуваат како што се формулирани во образецот сертификат за квалитет.
ВЦС како дел од проектот TEHV се вклучува во новите програми и под менторство и обука од организациите АДРА Словачка (ADRA Slovakia) и АДИСЕ (ADICE) од Франција продолжува со зајакнување на своите капацитети и стекнување на нови знаења кои ќе бидат имплементирани и употребени за поуспешно менаџирање со волонтерскиот процес како организација домаќин.
Со овој проект ВЦС го продолжува своето активно учество во хуманитарни акции и проекти секаде каде што има потреба и преку практични делувања, но и преку обуки и тренинзи ја зголемува свеста за хуманизам на младите луѓе и на сите оние кои имаат желба за волонтирање и помагање.
Јосип Гегај
Андреј Наумовски
Leave a Reply