Светлата европска иднина

Да, беше навистина предизвикувачки да се организира настан со педесетина физички учесници во период на олабавување на мерките и се уште недоволна доверба дали го победивме „Ковид-19“. Но, тие прекрасни млади личности заслужија да добијат шанса да ги презентираат во живо своите проекти со кои го променија општеството на подобро. Работеа напорно изминатите 15 месеци и сега им е потребен потстрек да продолжат да ги менуваат работите, затоа што токму млади ентузијасти му требаат на светот за да му дадат боја во општото сивило.

Во периодот од 29 мај до 5 јуни годинава, Волонтерски Центар Скопје беше домаќин на завршната конференција од проектот: „European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum”, организиран од ВЦС, а поддржан од Европската комисија преку програмите „Ерасмус+“ и „Европските млади заедно“. Претставници на петте земји-партнери (Волонтерски Центар Скопје – Македонија, Asociacion Mundus – Шпанија, European Community Media Center Aarhus – Данска и Asociatia Young Europe Society – Романија беа присутни во живо, додека C.I.P. Citizens in Power од Кипар со своите учесници виртуелно партиципираа на сесиите) учеа како да станат активни граѓани и како да преземат иницијатива со која ќе се спротистават на апатијата и незаинтересираноста што е особено присутна меѓу младите.

„Ова е проект што доведува петмина волонтери од нашата организација во одличен контекст да се развијат лично и професионално, односно да ја зголемат својата самодоверба. Па, така од петмина волонтери – нашата организација доби 5 нови проектни менаџери“, вели Дан Адриан, координатор во Asociatia Young Europe Society.

Секој од петте учесници на една земја-партнер имаше задача да доведе уште една личност која беше директно инволвирана во реализација на личниот проект во изминатата година, односно од март лани кога во Скопје беше оддржана првата работилница. И беше прекрасно да се почувствува таа енергија и занес кога зборуваа за своите проекти. А, беа и тоа како амбициозни: сакаа да го исчистат сето ѓубре во своите земји, да се спојат со природата, да ја поделат храната што останува во маркетите и во рестораните, да ги решат психичките стресови и проблеми кај младите, да снимаат филмови за природните убавини со кои ќе предупредат за опасностите од градежната мафија и негрижата на луѓето, отвораа младински центри каде што можат да се дружат и да разменуваат идеи и планови…

„Проектот ми даде огромна инспирација и одличен пример за сите нас како дел од европското општество. Учесниците се толку млади што вчудовидувачки е колку се посветени во својата мисија. Нивните резултати се фантастични. Се надевам дека ќе имаат успешна дисеминација, па следните генерации ќе можат да ги следат нивните чекори“, смета Алберто Вела Сантос од Asociacion Mundus.

Крајот на конференцијата не значи и завршеток на активностите со кои ќе го менуваме општеството. Напротив, допрва почнуваме.

Неда Ахчиева, проектен менаџер
„Неверојатно моќно е да се види колку младите луѓе со ентузијазам можат да ги подобрат работите во нивните заедници и покрај глобалната пандемија. Ги нарекуваме „Future-Shapers“, бидејќи се доволно храбри да ги оспоруваат работите што не можат да ги прифатат. Импулсот на проактивно граѓанство што овој проект го создаде низ Европа – ги надмина сите очекувања и со мотивирани млади луѓе како овие, иднината на Европа навистина изгледа светла!“

Никола Станкоски, директор на Волонтерски Центар Скопје
„Беше голем предизвик и задоволство да се организира проектот, бидејќи станува збор за прв меѓународен по пауза од 15 месеци поради пандемијата. Од идеја до реализација имаше повеќе фази, но конечниот резултат се исклучително успешни проекти кај младите учесници. Без оглед што доаѓаат од различни земји, поднебја и менталитет, сите заедно успеаја да се поврзат во една заедничка цел: менување на општеството кон подобро. Тоа е и една од целите на Волонтерски Центар Скопје, кој годинава слави 15-годишен јубилеј“. 

Горан Адамовски

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: