Ослободете ја дивината во вас, преуредете го вашиот живот 

Што нè чека во постпандемискиот свет? Дали ќе бидеме понесени од растечката атмосфера на прославата и забавите, или напротив-дали ќе се соочиме со проблеми кои сè потешко ќе се решаваат. Во непредвидливи времиња, луѓето бараат различни решенија за да се справат со лошите вести и менталната исцрпеност. Еден од неверојатните пандемиски трендови кој може да се држи до нас и да им помогне на луѓето со нивните исцрпени нерви е преуредувањето на човекот.

Tobias Tulius | Unsplash

Никој од нас не знае како ќе испадне пандемијата. Дали може да ја земеме под контрола, или ќе имаме само привремена пауза? Уште колку пати ќе ги отвораме и затвораме границите, институциите, нашите врати? Кога ќе можеме да кажеме дека моментот на промена е готов и нормалното е вратено назад? Тага, замор од Zoom платформата, изолација, губење на социјални контакти, губење на работно место, постојан стрес, страв од враќање на нормалниот живот, депресија. Сето ова може да ни падне врз глава како одложена бомба. Во моменти на несигурност и нестабилност, често се свртуваме кон две нешта: помнење на старите добри деновиили бегство. Бегството може да има многу форми, но ние ќе се фокусираме на влијанието на природата на нашата благосостојба.

Нашата „нова“ врска со природата се дискутира од почетокот на пандемијата. Минатогодишниот „тестамент“ на Давид Атенбороу во форма на филмот и книгата „Живот на нашата планета“ дефинитивно помогна. Во неговиот филм, Атенбороу создаде изјава на еден сведок и визија за иднината на светот која не е воопшто шарена. Тој изјавува дека вистинската трагедија на нашиот живот е загубата на дивите места на нашата планета. Сепак, начинот на кој луѓето живеат на Земјата ја намалува биолошката разновидност. Сè се случува поради лошото планирање и човечката грешка која ќе доведе до она што гп гледавме како последица од нуклеарната несреќа во Чернобил.Создаваме места каде луѓето не можат да живеат. Природниот свет избледува, и доказот за тоа е секаде околу нас. Доколку направиме нешто сега, сè уште може да се промениме. „Па што треба да направиме?…Треба да го преуредиме светот.“, советува Атенбороу.

Во областа на зачувувањето на природата, преуредувањето е пристап со кој се претпоставува оставање на што е можно повеќе диви простори без човечка интервенција, што може да помогне да се обнови биолошката разновидност на нашата планета. Преуредувањето може да помогне во создавањето на поздрав, поотпорен природен свет. Повеќе или помалку, има различни пристапи на овој термин, но преуредувањето е повеќе за природата, а помалку за контролата.Природната состојба на постоење се однесува и на луѓето. Како се манифестира преуредувањето на луѓето? Секако во редефинирање на нашиот однос со природата. Пренасочувањето не значи дека треба да се вратиме да живееме во пештери како ловци-собирачи, туку да најдеме начини на живот во хармонија со човечката биологија. Како модерниот живот стана неповрзан со природата? Јадеме обработена храна, поминуваме повеќе од 8 часа пред компјутер или телефонски екран, и најблискиот контакт со дивината ни е кога гледаме реални шоуа за преживување на телевизија.

Студија по студија ги потврдува психолошките и физичките придобивки од поврзувањето со природата. Контактот со природата лечи и го зајакнува имунитетот, го намалува стресот, вознемиреноста и крвниот притисок, промовира смиреност, го крева расположението и го намалува чувството на изолација. Дури и во мали дози, природата е моќен еликсир. Само 120 минути неделно се доволни за да ја подобриме нашата благосостојба. Замислете да одите на доктор и наместо да ви препишат лек, ви препишува 30 минутна прошетка со Мајка Природа. Природата веќе е официјално прифатена како ветувачки пристап кон комплементарната медицина во САД. Поминувањето време во паркови и зелени површини наместо лекови се користи за лекување на низа состојби споменати погоре. Во Јапонија, терминот „капење во шума” и свесноста за неговите корисни ефекти се појави долго време-практиката на Шинрин-јоку започна во 80-тите години.Додека се млади, Швеѓаните се учат на најсуштинската и непишана норма од секојдневниот живот: еднаков пристап до природната средина. Allemansrätten – Правото на јавен пристап им гарантира на секој човек слободен пристап до природата. Можете да поставите шатор каде сакате, освен приватни резиденции. Можете да ги јадете плодовите на шумата, да се капете во езера и реки, да шетате по планините, да возите кану или да одберете печурки. Никој не може да го забрани. Но, правата се и должности. „Не вознемирувај – не уништувај“ – секој што поминува време на отворено мора да ја почитува флората и фауната и да ја почитува приватноста на сопствениците на земјиштето. Што ако не живеете во САД, Јапонија или во Шведска? Има многу можности и за вас. Вие само треба да научите како да бидете дел од природата.Гледајте изгрејсонце и зајдисонце, засадете зеленчук, јадете сезонски, волонтирајте надвор, одете на набљудување птици. Направете дневник и подгответе листа на она што ве прави да се чувствувате живи или планирајте ги вашите неделни проекти за во природа.

Може да биде дискутабилно да се следи точниот нацрт за здрав живот што го поставиле нашите предци ловци-собирачи, но природата, движењето и човечкиот контакт се работи за кои инстинктивно знаеме дека се добри за нас. Кога сме во шумата, ги гледаме птиците и дрвјата, се чудиме, чувствуваме стрес што нè напушта, дишеме длабоко и жалиме што не можеме да си дозволиме почесто да бидеме синхронизирани со природата. Се разбира, можеме, но секој ден, правиме многу анти-природни избори. Секогаш брзаме без да знаеме зошто. Впрочем, дури и големите градови имаат урбани зелени површини. Постојат паркови, плоштади и градини во заедницата. Човечкото преуредување не бара луда револуција, туку промени во нашата секојдневна рутина. Два часа неделно со природа, се сеќавате? Одете почесто, одете на пазарење пеш, играјте игри со вашите пријатели, насмевнете им се на соседите, ограничете го вашето време на социјалните медиуми. Малите чекори се важни; обидете се да се приближите што е можно поблиску до природата и ќе го смирите умот.

Јоланта Чиопчинска
Преведувачка: Мартина Даниловска


Извори:
Rewilding Europe: What is rewilding? 
Netflix: David Attenborough: A Life on Our Planet
Yale Environment 360: Ecopsychology: How Immersion in Nature Benefits Your Health
Nature Connection Guide: US Doctors are Prescribing Nature in 34 States
National Geographic: Forest bathing: what it is and where to do it
Visit Sweden: About the right to access Swedish nature

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: