
Ми доаѓаат некои мисли. Некои идеи. Од некој вид. Само што… Ова.. Не знам како да речам… Мислам знам ама.. Само што… Впрочем, само што? Ах, ти страву, ти трепет студен зимен! Те поистоветувам со ветер северен кој уништува убава летна вечер. Туку, што сакав да речам… Сакав да кажам дека толку идеи се раѓаат во главава, но остануваат да се пластат во душата. А, жива сум кратко, треба да сторам нешто. Епа, веројатно сега, доколку некои воопшто го читаат ова, се прашувате, зошто го читате ова? Што читате, впрочем?

Па, ова го пишувам како некој вид на поздрав, наздравување за нас младите, со големи идеи и многу храброст, која знам дека ја имаме, но исто толку и страв. Можеби не толку страв, колку сомнеж во себе. На пример, јас многу би сакала да напишам статија некоја, имам идеи за статии на многу теми. Но.. Некако никако да седнам да пробам да напишам некоја. Не знам како да почнам, со што, дали?!? Но, одлучив и затоа ја пишувам оваа исповед. Животот е многу краток. Следниот пат кога ќе добијам идеја за било што, просто ќе го дадам најдоброто од себе и ќе ја реализирам. Па што ако не знам како да почнам? Ќе настојувам на тоа да почнам. Но, сакам да се знае, дека тоа не е форсирање, молам. Туку просто, давање на простор за поттик за реализација на идеја…
Ако не сега, кога?
(Оваа новооткриена мудрост – доколку може така да се нарече, ми ја подари езерото и прекрасново лето, затоа сликите…)
Дафина ,,Даффне” Веселиноскa
Leave a Reply