Жив музеј на коли

Сирење, ајвар, тавче-гравче, ракија, ќебап, шопска салата, прекрасна природа, сонце и неверојатен амбиент создаден од луѓе-ова се само некои од првите асоцијации кои ги имам во глава за Македонија. Верувам дека најголем дел од луѓето што ја посетиле оваа држава барем еднаш во животот, ќе го кажат истото. Како волонтер во Европскиот солидарен корпус, живеам во Скопје речиси 5 месеци. Сосема  доволно време да се навикнам на секојдневниот живот. После долго време, тешко е да се биде изненаден од било што. Но не и тука!

Секој ден гледам нови работи и искусувам различни ситуации кои здодевноста ја прават невозможна. Автомобилите се една од тие работи. И можеби Македонците не обрнуваат многу внимание на нив, затоа што им се вообичаени. Но, за туристите е природна атракција која може да врати многу спомени.

Во многу држави, колите кои биле произведени во Југолавија, како на пример „Југо“, „Застава“ и „Фиќо“, и оние произведени во другите делови на Европа, како постари модели на „Шкода“ или „Фиат“, можат само да се видат во музеите. Во Македонија ги гледам секој ден. На многу места, заборавени, напуштени во дворови, тие се бисери за колекционери кои се подготвени да платат големи суми за да добијат одредени модели, при што тие се дури во возна состојба со штого прават шетањето по скопските улици како враќање во времето. Како што нашата облека често ја рефлектира нашата личност, така се и колите. Многу сопственици на стари автомобили го ценат духот на времето. Климата, исто така, е надополнета од двокатните црвени автобуси, кои ги има сè помалку и помалку. Сето ова ја прави Македонија идеално место за луѓе кои сакаат да го почувствуваат амбиентот на 90-тите, не само преку колите туку и преку пост-комунистичките, модернистички и бруталистички згради.

Забавен факт: „Југо“ е српски бренд на патнички коли произведен во Крагуевац во поранешна Југославија од 1984 година. Оваа фабрика била основана во 1953.

Претходно била користена за воена опрема. Од 1954, фабриката произведувала коли под лиценцата на „Фиат-Застава“. Најпопуларните модели на „Застава“ биле – 1100, кои биле достапни и во FSO фабриката во Зеран. За возврат, Југославија добила „Фиат 125р“, кој бил наречен „Застава 125pz“. Во 1980, според „Фиат 127“ била создадена „Застава Југо“, уште познато како „Југо Корал“.

Кацпер Крол

Преведувач: Мартина Даниловска

Извори:

https://www.auto-swiat.pl/yugo

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: