Импресии од изложбата на Васко Ташковски

Васко Ташковски е еден од водечките претставници на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, а според мене и многу други, еден од најдобрите и најимагинативните уметници во целиот свет! Веќе еден месец, во Даут-пашин амам изложени се негови слики, акварели и цртежи од сите негови творечки фази. Роден во 1937та, тој твори уште од 70тите и интересно е што сликите од неговиот ран творечки период се помрачни и исполнети со бои на безнадежност и смртност, но подоцнежните слики се сосем поинакви. Се чини, како да со текот на времето, како што тој станувал помудар, тежнеел кон тоа да ја најде светлината во себе и во светот, па така од 80тите па наваму тој сè  повеќе создава светови исполнети со надеж и светлина.

Фотографија: Емануела Ковачевска Китановска

Под длабоки импресии на разнобојноста на душата на овој творец, уште таму на лице место, седнав и ги запишав своите импресии:

Човекот е еден. Сам наспроти светот, кој од многу широк и генерален може да стане многу ситен и прецизен доколку го посматраме доволно долго.

Во таа самотија човекот е творец на сопствениот свет и доколку со вистинската енергија ја искористи таа моќ, истата може да стане огнена и со тоа да го направи светот она што тој сака.
Во тој погорен свет, свет на енергии, каде што самиот човек во партнерство со Бог е творец на сопствениот свет, тој се среќава со енергиите и на другите луѓе кои хараат и создаваат во повисокиот свет.

А сето тоа се отсликува во земниот свет, зашто енергијата е семоќна и не познава граници. Може да трансформира, создава и уништува цели светови.
Она што го мислиме тоа и сме.

Поради тоа треба да сме можне внимателни, како преку своите слики да ни вели тој. И уште дека притоа човекот не смее да дозволи да стане машинерија и да биде окован од прангите на современиот свет, во кој зеленилото, а со тоа и животот полека избледува.

Сепак, љубовта е над сè. Двајца се доволни за да го спасат светот.

Ви апелирам да ја посетите изложбата која ќе ве прошета низ илјада светови!

Дафина “Дафне Веселиноска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: