И покрај фактот дека рециклирањето не е решение за безбројните натрупани депонии и за застапеноста на 5,25 трилиони парчиња пластика што лебди над океаните, ние треба да започнеме од некаде. Сопствената потрошувачка која го предизвикува количеството отпад може да се намали преку правење на мали промени во секојдневниот живот, избирање поинакви начини, но да бидеме искрени – тоа не е толку едноставен процес во Македонија.
Од скоро може да се забележи како луѓето кога одат на пазарување носат торби за повеќекратна употреба само поради тоа што владата одлучи пластичните кеси да се наплаќаат. Тоа е минимален почеток кон поткренувањето на свеста кај луѓето во однос на иновативните начини за пакување на производите, но сепак е почеток.
Од таму, што можеш да се направи со отпадот кој секојдневно се формира? Рециклирачките отпадни канти почнаа да никнуваат во околината. Но, КАКО да се рециклира – тоа е сосем друга приказна.
Што може да се рециклира во Македонија?
Пластика, метал, стакло, картон и хартија. Броевите што ги пишува на секоја амбалажа откриваат дали материјалот може или не може да биде рециклиран. Примери на материјали кои се рециклираат се: картонот од кој е направена кутијата за млеко, пластичните шишиња, шишињата шампон и сапун, кутијата од цигари, конзервите туна, стаклени шишиња и садови, хартија за печатење, картонските кутии од јајца…

Измијте го она што го рециклирате
Остатоците од храна и пијалоци може да содржат серија од рециклирање и да привлечат штетници. Материјалите што ќе ги рециклирате не треба да бидат измиени како садови, но, добро е да се исплакнат и потоа да се исушат пред да се фрлат. Како и да е, не треба да се мијат со детергенти или сапуни и топла вода бидејќи на тој начин ќе се потроши повеќе енергија, по што целиот процес ќе го напраќе стане помалку еколошки. Брзо плакнење со ладна вода на шишенцето јогурт или конзервата од туна е сѐ што е потребно за да се отстранат остатоците.
Каде може да се рециклира во Македонија?
Рециклирачки канти за отпадоци има во многу населби во Скопје. Жолти за пластика и метал, сини за хартија и картон и зелени за стакло. Мобилната аплиакција „Мој Воздух“ пркеу која може да се види нивото на загаденост во околината содржи и мапа на рециклирачки точки во Македонија – проверете го тој податок!
Електронскиот отпад може да се однесе во продавница во која се продава електронска опрема, од таму се должни да го прифатат. Исто така, доколку сакате да рециклирате без напуштање на домот, може да го контактирате друштвото за управување со отпад, „Нула отпад“ на телефонскиот број 070 236 000 и од таму ќе дојдат да го земат.
Она што е важно е дека од никого не се очекува да се претвори целосно во еко личност преку ноќ, тоа не е ниту возможно. Она што е поважно е дека почнуваме од онаму од каде што можеме, и покрај тоа што средината во која живееме ни го отежнува истото. Тоа е причината поради која ни е потребна поголема врева и повеќе акција за да овозможиме процесот на рециклирање на биде достапен за сите.
Селина Ниеми
Преведувач: Ангела Бошкоска
Извори:
Recikliram.mk
EPA: Facts and figures about materials waste and recycling – National overview facts and figures
Data topics: What a waste – Trends in solid waste management
National Geographic – Article: Oceans plastics sea trash science marine debris
Leave a Reply