Сакам да учам

Кога ќе ја кажам оваа реченица, добивам чудни погледи од луѓето, проследени со реченицата: Е ова прв пат го слушам. Но, зошто? Што има толку чудно во тоа една средношколка да ужива во учењето? Зарем тоа мора да е обврска која се извршува со цел да се има некаков успех во иднината? Обврска, која мора да се заврши за да може да се излезе и да се забавува? Само на тоа ли се сведува учењето? Каде е желбата за знаење? Љубопитноста и нагонот за дознавање работи?

Joanna Kosinska | Unsplash

Сосем разбирам. Цел мој живот од почетокот на прво одделение па с`е до пред неколку месеци, јас не учев од желба. Впрочем, можеби интересен ќе е за вас фактот дека јас не сакав ни да научам на читам. C`е што сакав да правам беше да си играм. Го гледав училиштето како досадна обврска, како и повеќето од нас. Но, од време на време, ќе ми се зажелеше за нешто особено што го учевме да го знам. Сепак, немавме слобода во тоа, се учеа само одредени работи од таа тематика и само оценката се вреднуваше. Често единствената цел не беше ние учениците да научиме, туку да ја добиеме светата бројка, петката. Па, така, воопшто не е чудно што вака гледаме на учењето.

Не знам зошто, но еве, во второво полугодие од мојата последна година како средношколка, почнав да откривам колку многу всушност јас сакам да учам. Не за оценка. Оценката е само дел од задоволството да имаш нешто научено. Впрочем, оценката може да се сфати како некој вид на валидација за добро научениот предмет. И реално, убаво е чувството со свој сопствен труд да добиваш петка после петка, а притоа да уживаш во процесот. Ова не е само мое мислење. Листав на Pinterest, кога налетав на многу постови со тематики во фазонот на: craving academic validation. Ми се допадна таа идеја. Ништо во животот не е сигурно, но нашиот труд е. Покрај с`е, како што Маркс вели: човекот е суштество на практиката. Значи, што и да се случи во мојот живот, можам јас с`е во еден миг да изгубам, но знаењето, вистинското знаење, не можам. Има нешто многу моќно во тоа сознание.

Beth Jnr | Unsplash

Многу сум благодарна за оние наставници и професори, кои навистина се залагаат за тоа да не научат нешто, а не само да пишат слаба оценка за ненаученото, или едноставно да не оценат. Но, некако, како малку да се. Може да се каже дека дури на крајот на моето задолжително образование сум ја сфатила, барем за мене, суштината на овој образовен процес. Одиш на свето место (барем такво место треба да е училиштето, а често не е), таму има возрасни, кои се експерти во одредени области и со љубов ти предаваат знаење(вака да беше, ми се чини сите ќе сакавме да учиме), потоа ти учиш посветено, тоа не значи цел живот да ти е учењето, туку нешто главно, стабилно во животот и потоа, покажуваш што си научил, се доусовршуваш во тоа заедно со врсниците(а не стравуваш за оценката). Веројатно си мислите: ова е убава замисла. Можеби е само убава замисла, а можеби ја има и во некои приватни училишта.

Секојдневно сум разочарана од реалноста на нашиот образовен систем. Не не учат на и од љубов и симпатија, повеќето од нив само гледаат да не оценат, понатаму тоа остава последици со тоа што нас ни се одсакува да учиме, иако тоа сметам дека е во нашата природа. Не може ни саглам дискусија да се спроведе на час, без да има умилкување или зборување само за да се зборува(за плусче) без да се кажува нешто, а тоа е жално. Сепак, јас почнав да го правам мојот дел од замислата, од оваа страна, па можеби доколку еден ден се најдам на другата страна, ќе бидам една од малкуте образовни лица кои се залагаат за овие идеали и кои ќе ги поттикнат децата да помислат: сакам да учам!

                                                                                                           Дафина Веселиноска-Дафне

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: