Македонски шлагери-заборавено музичко богатство

“Музиката ја измива прашината на секојдневието од душата”

— Берголд Авербах

Музиката е секаде околу нас, таа е комбинација на вокални и инструментални звуци и форма на емоционално изразување. Доживеала многу промени со развојот на светот и токму затоа некои видови на музика и музичари остануваат заборавени во времето во кое се создале. Во нашите краишта типичен пример за тоа се т.н. македонски шлагери од 60тите и 70тите години. Перфектниот спој на народните и љубовните мотиви во овие песни е токму она што ги прави толку посебни.

Deleece Cook | Unsplash

Се појавиле околу 60тите години и генерациите кои пораснале со нив лесно може да се сетат на овие песни, но тоа не е случај меѓу младите. Многу е важно да се спомнува овој вид на музика со цел да не ја изгуби својата вредност која е несомнена. Меѓу најпознатите легендарни уметници кои го имаат создадено ова богатство од музика се Катица Ѓаконовска, Диме Поповски, Даниела Панчетовиќ, Нина Спирова, Драган Ѓаконовски-Шпато, Славе Димитров и многу други. Кога ќе го прочитате текстот на овие песни може да се почувствува искрената емоција со која се создадени. Слушајќи ги се буди духот на љубовта, духот на градот Скопје и духот на тоа одминато време.

Многу од овие уметници престанале да прават музика бидејќи биле разочарани од нејзиниот негативен развој. Во едно интервју, Диме Поповски вели “Престанав да пеам бидејќи сакам да останам чесен”, сметајќи дека нема веќе музика во која би сакал да учествува. Сите овие музичари во споредба со денешните имале многу помалку привилегии за творење, и токму тоа ја прави нивната уметност чиста и бесценета.

Кога следно ќе посакате да слушнете нешто поинакво, или кога сте во потрага по нова музика, пуштете си ги “Мојот дом”- Диме Поповски, “Скопје сонува”- Даниела Панчетовиќ, “Молчи и ти”- Нина Спирова и сите останати вакви бисери на македонската музика.

Мартина Даниловска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: