Монголија. Кои се првите нешта кои ви паѓаат на ум? Ништо? За мене – номади кои галопираат низ пасиштата на едни од најдобрите коњи на светот. Соколарство. Живеење во средината на никаде во јурти. Но, што ако ви кажам дека Монголија има баш енергична хип-хоп сцена?

Улаанбаатар – името на главниот град на Монголија значи „Црвен Херој“, иронично наречен Утаанбаатар, што значи „Димен херој“. Монголија ги има едни од нејголемите стапки на урбанизација во централна Азија. Речиси половина од популацијата живее во Улаанбаатар. Метежот, загадениот воздух, корупцијата, алкохолизмот и невработеноста не се единствените проблеми на овој град. Обиколувајќи го Улаанбаатар се „гер“ области – инфрастуктурно неопремени станбени области далеку од главните артерии на градот. Ги комбинираат традиционалните јурти и обичните домови населени главно од страна на сиромашната работничка класа. Приближно 70% од популацијата на Улаанбаатар живее таму. Во овие области, дури и пиењето вода и струјата се ограничени. Повеќето од добро познатите Монголски рапери доаѓаат од гер области.
Една третина од Монголската популација има помалку од 34 години. Во едно такво младо општество, рапот е еден од најпознатите музички жанрови. По распадот на Советскиот Сојуз, Монголија го промени својот политички систем од комунизам во демократија. По години цензура во музиката, државата се отвори кон западната култура. Луѓето почнаа да споделуваат микстејпови од Американски рапери и Улаанбаатарската хип-хоп сцена експлодира.
Биг Ги е еден од играчите на Монголската рап сцена. Тој доаѓа од фамилија со ниски примања во јуртската област. Честопати тие немале пристап до свежа вода, па како дете, раперот морал да ја носи од далечина со километри. Тој посакувал да биде како неговиот дедо – новинар и поет, па започнал да ги пишува своите први поеми. После 1996, кога првпат слушнал хип-хоп музика, дошол до идејата да ја стави својата поезија во ритам. Биг Ги е пример за морално добар хулиган од гер областа. Во неговиот рап, тој се обидува да ги научи младите луѓе како да живеат морално добар живот. Раперот знае дека хип-хопот има значајна улога во обликувањето на општеството, па политичарите се обидуваат да користат артисти да ги зајакнат своите кампањи. Биг Ги кажа: „Рапот е како оружје. Не можеме да го продаваме нашето оружје на лажни луѓе.“
Монголците имаат огромно ниво на културна гордост. Хип-хоп стана, за нив, пролонгирање на степот. Во рапот, како во степ – сте слободни. Можете слободно да се изразувате. Тие се поврзани со местото на потекло, земјиштето и природната околина. Кога Монголците мигрираат во градот, таа поврзаност е одземена од нив. Претставник на младите Монголски рапери кои мигрирале во градот е Пакрап. Во неговата уметност, тој често ја користи темата на моменталните протести во Улаанбаатар, социјалните проблеми на работничката класа и секојдневните патешествија од живеењето во Монголија. За многумина во Улаанбаатарската брзо променлива околина, хип-хопот е искажувач на нивните грижи отворено на начин на кој тие не можеле пред многу години.
Во уметноста на младата генерација на рапери, можеме да видиме се повеќе и повеќе инспирација од трап музиката, како референции кон насилство, пиштоли или дрога, што е комплетно поинаку од порано. Но тоа не го менува фактот дека Монголските рапери се сè уште стравствени за своето потекло. Во музиката и спотовите, можеме да видиме преголема застапеност на историски и културен симболизам – Чан, соколи, пеење со грлото на традиционални инструменти. Дури и асоцијација со класичната Монголска литература – како во песната „Солзи на Сукхбаатар“ (“Tears of Sukhbaatar.”)
Кога првпат слушнав за Монголскиот рап, не очекував толку висок квалитет. Иако не можам да разберам исто толку често и да пронајдам превод на стиховите, звукот е пријатен и не се разликува од Западните стандарди. Привлечни битови и изненадно добар проток, ова е тоа што, според мое мислење, ја карактеризира таа музика. Топло ви препорачувам да излезете од меурот на типичниот музичкиот жанр и да слушнете со свои уши.
Александра Канасиук
Превод: Христина Тасеска
Извори:
Dział Zagraniczny | Czemu to hip hop wyraża najlepiej współczesną tożsamość Mongołów (Dział Zagraniczny Podcast#133)
Alex de Mora | Straight Outta Ulaanbaatar
HuckMag.com | Inside Mongolia’s vibrant hip hop scene
Leave a Reply