Појаис – Ветената Земја

Брегот беше поубав од колку што патниците на товарниот брод „Хондурас Пакет“ би можеле да замислат. 70 патници од бродот чекаа да се запознаат со нивиот нов дом. Никој досега не бил таму, но во прирачникот од Грегор Мек Грегор областа била опишана без заштедување на комплименти, „ Спектакуларната клима на оваа скапоцена земја е извор на благосостојба и енергија за европскиот доселеник“.

Доселениците купиле земја во Појаис од Грегор Мек Грегор, владетелот на регионот. Грегор Мек Грегор многу убедливо ги опишал огромните природни богатства на плодната земја:Вода толку чиста и освежителна што може да ја задоволи секоја жед – и ако тоа да не е доволно, парчиња злато ги обложувале речните корита кои само чекале некој да ги земе. Кога „Хондурас Пакет“ пловел подлабоко до лагуната, погледите повеќе не одговарале со описите на водичот. Капетанот го фрлил сидрото и испукал топовски истрел за да го повика пилотот. Локалните жители ги воделе доселениците до нивните парцели, кои ги купиле од Мек Грегор по евтина цена. Никој сè уште не претпоставуваше дека е жртва на голема измама и дека е во опасност да го загуби не само имотот, туку и животот – многу од нив не преживеа во нивниот нов дом ниту една година.

Грегор Мек Грегор беше ветеран од Наполеонските војни и добро познат херој за слобода во Јужна Америка, каде што колониите се кренаа против шпанското угнетување. Британците не знаеле дека Мек Грегор побегнал од Венецуела бидејќи се соочува со смртна казна за измама. Напротив, тој бил сметан за голем авантурист, а сега овој херој кој се врати во својата татковина им ја нуди можноста на другите Британци за голема авантура. Мек Грегор имал со себе документ за сопственост на повеќе од 30.000 км2 земјиште на Карибите. Документот го доделил владетелот на „Брегот на Комарците“, кралот Џорџ Фредерик Август I. Мек Грегор чесно ја купил областа со неколку буриња рум и евтин накит, но всушност таа земја била безвредна, а документот не го ни правел принц на таа област. Сепак, документите што биле доставени на Мек Грегор имале вредост бидејќи тој можел да се потпре на нив и да ја изгради својата измама со нивна помош.

Како новонезависна земја, на Појаис и беа потребни меѓународни инвестиции. Со оглед на тоа што земјата со која владееше Мек Грегор беше блиску до планираниот Панамски канал, тоа беше одлична инвестициска цел. Тоа што Мек Грегор не го спомна е дека тој самиот никогаш не бил во Појаис. Затоа што државата не ни постоела. Мек Грегор успеа да собере околу 1,3 милиони фунти (3,6 милијарди фунти во денешно време) за својата замислена држава преку обврзници и директни договори за земјиште. Од гледна точка на Англија, имињата на јужноамериканските држави брзо се менуваа и никој навистина не знаеше кој ги поседува териториите во даден момент. Затоа, кога Мек Грегор се вратил во Велика Британија во средината на 1821 година, навистина немало шанси да се утврди дека тој не можел да биде принцот на егзотичниот Појаис. Мек Грегор ги направил сите официјални документи, ги дизајнирал униформите за војската на Појаис и ја отпечатил локалната валута. Дополнително, секој би имал можност да придонесе за изградба на нова нација со инвестирање на обврзници на Појаис. Тоа ги возбудуваше луѓето. Мек Грегор отворил „амбасади“ на својата држава во Лондон, Глазгов и Единбург за да изгледа пореално. Некои од Британците толку се возбудиле за рајот по име Појаис што дефинитивно сакале да се преселат таму.

Ниту Мек Грегор не кажал директно „не“ на идејата, бидејќи во умот имал друг начин на заработка. На појдовното пристаниште, кациките понудиле замена на преостанатите шилинзи на сите патници за Појаис долари. На крајот, маларијата и жолтата треска се погрижија да помалку од сто од 250-те нови доселеници се вратат дома. После тоа Мек Грегор не останал да ги средува проблемите. Со семејството се преселил во Париз и повторно се обидел да собере пари со истата приказна. Меѓутоа, во Франција властите повеќе не издавале пасоши на доселениците бидејќи нивната дестинација не ни постоела. Во 1825 година сепак бил фатен во Франција, која го екстрадирала во Британија. Откако бил откриен неговиот вистински идентитет тој бил депортиран од Британија. Кога неговата сопруга починала во 1838 година, Мек Грегор повеќе не сакал да ги поминува пензионерските денови во Европа. Можеби некои од доселениците кои ги загубија своите заштеди почнале да го притискаат Мек Грегор да побегне. Тој се преселил во Венецуела, каде што старите армиски пријатели му помогнале да добие државјанство.

Тој е пример за модерните пирамидални шеми. Оваа приказна нема морал. Навистина, нема понеморална приказна од оваа, бидејќи таа си поигрува со сите легитимни верувања за наградите на доблеста и одмаздата за погрешните. Кариера која, без пропуст на правдата, можеби би завршила под темните ѕидови на Њугејт наместо сончевата светлина на Каракас каде што Мек Грегор почина во 1845 година на 59-годишна возраст. Истата година имаше воен погреб во катедралата во Каракас. Грегор Мек Грегор никогаш не бил осуден за кривично дело.

Jasse Heikkilä

Related posts

%d bloggers like this: