Волонтирање на д-Фестивал

Балансот на животната работа игра важна улога во целокупното волонтерско искуство. Иако волонтирањето на фестивал како Д-Фестивал се чини дека го достигнува врвот во оваа категорија. Можеме само да ви препорачаме да се доживее од прва рака бидејќи описите нема да одговараат на искуствата и врските што ги изградивме за време на нашиот престој таму.

Волонтирањето не е секогаш само во канцеларија, чистење на паркот во општината или помагање на стари лица. Волонтирањето секогаш ни доаѓа во различни форми и можности, така и оваа година нашите волонтери ја искористија шансата да волонтираат на музички фестивал и заедно со Пасворд Продукција учествуваа на овогодинешното издание на Д – Фестивал во Дојран. Сите волонтери кои учестуваа на фестивалот беа задолжени да го направат истиот да изгледа одлично. Почнувајќи од декоративните украси, како и таблите со слогани кои го красеа целиот фестивал беа изработени токму од вештите раце на волонтерите, заедно со сервирањето на храната, примањето на алките за влез во фестивалот и придружба на артистите позади сцена или нивните домаќини. Настрана од работните саати имавме можност да уживаме во прекрасната програма спремена со разновидни артисти од секаде околу светот, да се дружиме со останатите волонтери и гостите на фестивалот. Дојранското езеро на чив брег се наоѓа и самиот фестивал одлично ни послужи за кратка прошетка, пиење на кафе или разладување од топллите јулски денови. Благодарение на Пасворд продукцијата како и целиот тим кој работеше на Д – Фестивалот имавме можност во секој дел од денот, почнувајќи од 11 часот наутро се до 3 часот после полноќ, да уживаме во прекрасните музчики артисти. Сите бевме поделени во различни смени во текот на денот, па така сите имавме поеднаква можност после или пред работните часови да уживаме во пладневното кафе покрај езерото или на главната бина слушајќи ги артистите во вечерните часови. И покрај прекрасните изведби на сите артисти и работните часови, најмногу ќе ги паметиме сите моменти поминати со сите присутни на фестивалот со кои го поминувавме нашето слободно време, кои ни доаѓаа од сите градови од Македонија па и од другите Европски држави. 

Сè на сè, можеме да кажеме дека Д – Фестивалот беше неверојатно искуство кое би го препорачале на сите. Можеме да ви ветиме, одлично ќе си поминете!

Давид Стоилковски & ВЦС Тим

Related posts

%d bloggers like this: