Еден ден со децата од улица во Дневниот центар во Шутка

Дневниот центар за деца од улица го посетуваат триесетина деца на возраст меѓу 3 и 16 години. Таму добиваат оброци, часови, образование, но најважното: љубов и внимание

Шестгодишната Гулбер едвај чека да се раздени за да дојде во Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари. Таму ќе добие оброк, нега, часови, работилници, но најважно: многу внимание и љубов. Таа е дел од триесетте деца во Центарот на возраст меѓу 3 и 16 години. За 24 од нив, доаѓањето во Центарот е задолжително, имајќи предвид дека нивните родители потпишале согласност. Има и 6 наставници и двајца волонтери кои се грижат за децата и ги учат различни вештини. Така, по појадокот, Гулбер и нејзиниот брат повозрасен Бени се одвоени во две различни паралелки. За Гулбер и сите деца под 8 години, првата лекција е обука за графика, да научат да пишуваат букви, бројки или форми како круг, триаголник итн. Тие имаат различно ниво, па наставниците и волонтерите им помагаат да се подобрат. Во оваа училница децата учат и македонски јазик, бидејќи повеќето од нив зборуваат на ромски. Ова за нив е важно доколку сакаат да продолжат со образованието, но и да се интегрираат во општеството. После тоа, децата можат да имаат различни активности како цртање, пеење или моделирање глина. Често, за време на овие активности, Гулбер сака „кловнот“ да се забавува со своите пријатели, но и да привлече внимание кон наставниците и волонтерите. Таа вика, се крие под маса или пее.

Како волонтер од францускиот Граѓански сервис (French Civil Service), се одлучив да престојувамам една година во Волонтерски Центар Скопје. Голем дел од моите активности се поврзани со Дневниот центар во Шутка. Верувајте дека таа енергија и емоции што ги чувствувате кога ќе дојдете таму вредат повеќе од се.

Активностите во домот започнуваат во 9.45 часот. Гулбер е една од децата кои секогаш пристигнуваат со насмевка. Како многу деца во Шуто Оризари, таа има неколку браќа и сестри кои сè уште доаѓаат во центарот. Обично тие се блиски со другите и можев да забележам вистинска взаемна помош меѓу нив. Кога ќе пристигнат – појадуваат, некогаш леб и паштета, другпат бурек или „бриош“. Да не зборуваме за омилениот јогурт, со кој им започнува денот.

Кога е во прашање Бени и неговите врсници, тие имаат покомплексни часови како пишување лекции на македонски, но и на англиски јазик. Имаат и часови по математика. Бени е горделив, ни покажува оценки од неговите задачи. Бев многу изненадена кога првпат дојдов тука и видов дека децата имаат одлични јазични вештини, па понекогаш зборуваат и на француски, италијански или шпански јазик. Веројатно затоа што Ромите имаат номадски начин на живот, па понекогаш се преселуваат од земја во земја. Сите деца овде се енергични и ја покажуваат својата желба да пораснат и да научат нови работи. Тие се и многу експресивни, па дури и да постои јазична бариера меѓу нив и мене успеавме да создадеме врска според изразот и физичкиот јазик.

По часовите, децата имаат време да играат. Центарот добива донации од приватни лица или други организации. Тоа му овозможува да продолжи да се грижи за децата и да им го дава она што го немаат (во изоболие) дома – играчки, облека и храна. Се сеќавам на среќата на Гулбер кога пристигнаат нови „барбики“. Шиеше облека, ја пресоблекуваше, па дури име праша дали може да има исти платенки како куклата? Можев да го видам сонот во нејзините кафени очи да личи на оваа барбика. 

Исто така, важно е да се знае дека центарот е финансиран и од општината, па може да се платат наставниците, инаку без тоа не би можел да постои. Понекогаш има и работилници за деца како музичко шоу, театар итн. На почетокот на ноември направивме екоакција заедно со волонтерите во ВЦС. Децата уживаа да помагаат. Училиштето завршува околу 13 часот, па тие имаат слободно попладне. Децата добиваат ручек пред да заминат. Гулбер и Бени јадат многу за да имаат полн стомак храна за остатокот од денот. Нивните усти со мустаќи од јогурт ги чекаат и родителите, па им носат храна дома. По завршувањето на училиштето, доаѓаат и некои родители кои можат да разговараат со наставниците за нивните деца или да земат облека во зависност од нивните потреби. Постарите деца кои одат на училиште поминуваат понекогаш во центарот. Тоа е, исто така, место каде тинејџерите можат да дојдат да си ја завршат домашната задача. Можете да ја видите нивната насмевка кога ќе дојдат во центарот и тоа е она што ме прави среќна и ми дава мотив за работа!

Андреана, една од наставничката ми објасни дека „се трудиме да ги едуцираме едцара, да ги научиме да бидат љубезни, да бидат чисти, да ги споделуваат своите играчки, затоа што обично го немаат овој пример во своето семејство. Првото образование е од дома, но тие навистина го немаат. “. Покрај тоа, наставниците се важно место во животот на овие деца. Обично, кога децата не доаѓаат или ако има проблем, тие одат кај децата дома за да проверат што се случило. Оваа работа понекогаш може да биде тешка и напорна, но за Андреана првата мотивација е „да ги научи децата и да придонесе за нивно образование. “.

За овдешните деца – Центарот е исклучително важен, затоа што им дава можност да продолжат со оразованието, а еден ден да си најдат привлечна работа. Во Шутка има два вакви центри кои ги пречекуваат „децата на улица“ и се трудат да им овозможат подобра иднина!

Камелија Шаиар

Фотографии: Аника Питканен

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: