Занаду – “Ќе останеш ли доследен, во своја војна прелесно поразен?”

Во последно време се повеќе млади луѓе се уметнички ангажирани. Гледаме разни изложби, филмови и секако музика. Еден од бендовите кои го надополнуваат звукот на младоста се и бендот Занаду. Тоа се 4 млади момци кои се дел од новиот музички бран на нашите простори. Им поставив неколку прашања за тоа како функционираат.

Што најмногу ве мотивира да креирате музика?

Желбата за гласно зборување, можеби некој потсвесен нагон за канализирање на акумилирани идеи, фасцинантноста на временската рамка во која ја собира музиката, убавината да се има нешто свое. Веројатно спој на многу околности и пориви, сепак базирана на уживањето и љубовта, во музиката и во животот.

Како настана бендот?

Примарна беше желбата да се свири со луѓе, да се оформи нешто заедничко и желбата да се дознае како тоа би звучело. Од соученици, познаници и другари се оформи првата и денешна четворка под името Занаду.

Што се крие зад текстовите на вашите песни и која порака сакате да ја испратите?

Секоја песна носи различна порака. Текстот е некој вид демистификатор на поапстрактниот формат на музиката, она што го кажува мелодијата во форма на збор. Многу приказни, случки и новини се извор, инспирација и пример за нешто да се напише, да се пренесе.

Какво е вашето досегашно искуство со публиката?

Многу убави луѓе и многу убава енергија. Секоја свирка е ново искуство, познанство и желба за уште една. Многу ни се свири. Едвај чекаме да излезе албумот (што ќе биде за брзо) за да може да се види целата слика, а воедно да почнеме со промоција на истиот.

Што според вас е најголемиот предизвик со кој сте се соочиле како млади музичари во светот на музиката?

Секој чекор е нов предизвик. Исполнувањето на иницијалната идеја да бидеш дел од бенд захтева време и енергија, а секундарно и простор, опрема и сл. Предизвикот е желбата да биде погласна од потребите и одговорностите што постојат.

Мартина Даниловска

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: