Под гандиското сонце

„Ми треба нешто ново! – Се најдов себеси да си го кажам ова уште еднаш додека разгледував низ бескрајните отворени повици за волонтирање. Се брзав да аплицирам за нов проект пред да започнам со училиште – да ја исполнам мојата цел која си ја поставив во седмо одделение откако ја видов дека сестра ми како се враќа дома од уште еден проект. Се восхитував на нејзината посветеност. Волонтирањето е амбициозна работа која бара многу напор, храброст и посветеност. И по два месеци, ете сум, во 14:15 – талкав низ Валенсија носејќи 20+ кг багаж. Можеби родители се виновни што сакам да бидам толку вреден волонтер. Ме изложија на важноста на искуството уште на рана возраст, поттикнувајќи ја мојата страст за авантура и знаење.

Бидејќи пристигнавме во Валенсија два дена порано, од тогаш знаев дека овој проект ќе биде посебен. За разлика од другите проекти, мојата група ги отфрли хотелите со четири ѕвезди и наместо тоа избра да престојува во дом по случаен избор во Пикасент. Никигаш не би помислила дека ќе се најдам на централниот плоштад на Веленсија како спијам пред Мекдоналдс на Ноќта на вештерките. И додека се обидувавме да стигнеме до Пикасент, свативме дека одиме по истата рута повторно и повторно, напред и назад, наместо да се качиме на правилното метро, мислам зошто да не? Овие искуства, кои го направија овој проект толку интересен, ми вкоренија чувство на авантура. Последните три години ги поминав истражувајќи и учејќи за пасијата на луѓето и што им дава чуство на исполнетост. Во Гандија, имав таква шанса да разговарам со учесниците кои беа музичари за музиката, уметноста и пасијата додека седев и гледав со возхит. Не сум видела никому така да му светат очите како нивните додека зборуваат за овие теми.

Кога правевме инструменти избрав да правам тапани. Се борев правилно да ги држам стаповите, но Џенаро и Роберто (волонтери од Италија) беа тука да ми помогнат! И јас бев толку импресионирана од нивната вештина да фаќаат ритам. По првите исцрпувачки триесет минути додека се обидував да го сфатам ритамот, патот се отвори и можев да видам како се подобрувам. Ова е начинот на кој секогаш оди. Прво, борбата, а потоа наградата. Лежејќи на дрвената лулка додека сонцето ги бркаше облаците. Слушајќи ги меките и мазни тонови на шпанската гитара, никогаш не знаев дека животот може да биде толку убав. Бев обземена од емоции додека ја гледав групата како без напор создава мелодија. Тие шест дена јас се заљубив во животот. И сега, бидејќи сум закопана во училишни задачи, паузирам од листањето низ отворените повици, но за жал, паузирам и од неочекувани конекции, авантуристични случки и пријателства, споделување на култури и знаење со други волонтери од целиот свет. Решив да се откажам од вината за сите погрешни маршрути и метроа. Наместо тоа, би и дала големо „благодарам“ на седмо одделенката.

Доротеа Грковиќ

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: