Почитувани,
Ви објавуваме повик за ЕВС волонтери на проекти во Полска и Латвија, подолу можете да ги најдете потребните информации:
1. Едно слободно место за ЕВС волонтер од Македонија, на проект во Олава, Полска, со времетраење од 12 месеци (07.12.2016 – 07.12.2017).
2. Едно слободно место за ЕВС волонтер од Македонија, на проект во Вроцлав, Полска, со времетраење од 12 месеци (07.12.2016 – 07.12.2017).
3. Едно слободно место за ЕВС волонтер од Македонија, на проект во Талси, Латвија, со времетраење од 12 месеци (01.01.2017 – 31.12.2017).
Доколку сте заинтересирани да бидете волонтер на предложените три проекти, ве замолуваме да ни доставите ваша биографија на нашиот добро познат мејл: vcs_contact@yahoo.com, НАЈДОЦНА ДО ПЕТОК, 11-ти Ноември 2016 ГОДИНА, за да навремено ги запазиме сите рокови на селекција на волонтери.
4. Две слободни места за ЕВС волонтери на проект во Милич, Полска, со времетраење од 12 месеци (07.12.2016 – 07.12.2017). На следниов линк можете да најдете повеќе информации за проектот, како и објаснување за процедурата за аплицирање (апликацијата се доставува директно кај организаторите): http://mobilnipolacy.org.pl/en/evs-recruitment/2016-approved-project-for-program-countries/
Рокот за аплицирање е ПЕТОК, 11-ти Ноември 2016 ГОДИНА, за да навремено ги запазиме сите рокови на селекција на волонтери.
Тимот на ВЦС
Leave a Reply