Тренинг курс во Германија

20664411_458714411174828_7272939553847482565_n

Пресреќни сме што од 9 до 15 август заедно со Лела Божиновска,имавме прилика да бидеме селекитирани учесници на Тренинг Курс во Вупертал, Германија на тема “ Respond to your NEET”. Уште на почетокот на курсот бевме запознаени со поимот NEET –  Not in Education, Employment, or Training, односно поим кој се однесува на млади луѓе кои не се инволвирани во едукација, тренинг и вработување. Покрај занимливата тема од која научивме многу методи за работа со овие лица, за време на овој тренинг курс бевме запознаени поблиску и со Ерасмус + прграмата и сите можности кои ги нуди. Уживавме во интернационалната вечер каде ја претставивме Македонија со ајвар и ракија, а ние имавме шанса да вкусиме типични јадења од најразлични земји низ Европа кои беа подготвени од останатите партиципанти на курсот (Шпанија, Португалија, Германија, Италија, Латвија,Полска, Австрија, Бугарија и Кипар) Особено за корисно го сметам подготвувањето на акциски план, односно осмислување на замислен проект кој би го реализирале во иднина.

Имавме можност преку работа во групи и  симулација да се испробаме во креирањето, пишувањето и реализирањето на проект. Навистина беше корисна сесија каде од страна на организаторите беше забележано дека навистина учесниците имаат уникатни и креативни идеи кои би можеле во иднина да ги реализираат. Научивме како се подготувува видео CV и поделени во групи изработивме околу 5 кои подоцна ги презентиравме и анализиравме меѓусебно. Во една од наредните сесии, ја претставивме организацијата Волонтерски Центар, каде подетално ги запознавме останатите учесници, за организационата структура на ВЦС, активностите, можностите кои ги нуди, а тие имаа можност да добијат примерок од списанието VOICES. На крајот од тренинг курсот беше одржана неформална свеченот на која ни беа доделени сертификати Youth Pass за учество на тренингот.Покрај едукацијата, за време на тренинг курсот уживавме и во убавините на Германија. Вупертал е необичен град во Северо-Западна Германија кој и покрај дождливото време успеавме да го посетиме и да се восхитиме на зеленилото, малите шумички со огромни дрвја каде локалните луѓе секојдневно се рекреираат. Градот го карактеризира висечка железничка линија, која ја користевме како транспорт, а за нас беше едно навистина занимливо и необично искуство. Таа е поставена 8 метри над градските улици и 12 метри над реката Вупер. Исто така градот е познат по родната куќа на Фридрих Енгелс која ден денес е музеј, кој многу ни е жал што неуспеавме да го посетиме, поради долгите сесии и краткото време за одмор. Но искрено се надеваме дека еден ден повторно ќе се вратиме и ќе го надополните она што не успеавме да го видиме и посетиме. Запознавме најразлични луѓе од различни држави со кои споделивме незаборавни моменти и искуства и со кои се надеваме еден ден повторно ќе се сретнеме.

Ана Јанкулоска

20728045_10155548357458965_4615096419236723174_n

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: