Култура

Темната страна на новинарството

1cdc3a34d601128926ed3bbaea477b22

Во денешно време никој нема да се изненади ако слушне за убиство во живо на телевизија или за некој друг трагичен настан. Луѓето сакаат да гледаат крв, а телевизијата тоа им го прикажува. Човечката природа е така создадена што ние сме фасцинирани од оваа „темна страна“ на човештвото. Стана правило во медиумите да се прикажуваат материјали полни со насилство. По обичај сметаме дека снимките ќе ни ја покажат приказната поцелосно отколку што самите можеме да ја замислиме. Во терминологијата ова се нарекува „шоу-култура“. Да се ​​биде новинар значи да се прифати овој факт, но понекогаш се случува и новинарите да се во центарот на трагичното шоу.

Кристин Чабак, САД

Порано имаше една млада новинарка во САД, која во живо покажа нешто што ја промени перцепцијата за телевизиското новинарство. Тоа беше Кристин Чабак, американската новинарка која на 15 јули 1974 година се застрела себеси во живо на телевизија. Чабак, 29-годишната телевизиска презентерка работеше на ТВ Kaнал 40 неколку години. Беше амбициозна и главно се занимаваше со социјални теми. Пред трагичниот настан побарала од шефот да подготви телевизиски материјал поврзан со самоубиства кај младите луѓе. Додека истражувала, разговарала со локалниот шериф за тоа кој е најефективниот начин да се изврши самоубиство. Потоа купила пиштол. На 15 јули, како и обично, ги презентирала вестите. Непосредно пред да се вклучи во живо го сменила редоследот на вестите и сите се согласиле на тоа. Потоа рекла нешто што сосема ја вознемирило публиката: „Во согласност со политиката на Канал 40 веродостојно да прикажува насилство и крвопролевање“, рекла таа, „сега ќе имате прилика да видите уште една работа – обид за самоубиство“ и по овие зборови го повлекла чкрапецот на пиштолот. На почетокот сите мислеле дека е шега, a гледачите почнале да се јавуваат во ТВ-станицата. Чабак многу детално го планирала овој настан, дури напишала и вест која нејзините соработници ја пронашле на бирото и во неа било напишано она што тие требало да го пренесат.
Друга работа која ја поттикнала да направи ваков трагичен чекор била долготрајната депресија со која со години се борела. Нејзините соработници не знаеле за овој проблем. Неколку дена пред смртта, Чабак му рекла на својот шеф дека можеби ќе се самоубие во живо на вести, но тој не ја сфатил сериозно. Нејзиното самоубиство го следеле илјадници луѓе, кои биле шокирани и мислеле дека се работи за измама. По барање на семејството снимката никогаш не била објавена, но интернетот сѐ уште е полн со лажни снимки. Приказната беше заборавена сè до Филмскиот фестивал Санденс кога се случи премиерата на двата филма: Кристин и Кети ја игра Кристин.

109725141christinechubbock-xlarge_trans_NvBQzQNjv4BqLTGzMKE0xK2yTFb_18dD3t2giPLUIzvgIhOx0OK89rc

САД

Беше вообичаен работен ден, 26 август 2015 година. Новинарот Алисон Паркер (24) заедно со снимателот Адам Вард (27) утрото замина да направи интервју со извршниот директор на некој комплекс на брегот од езеро. Кога веќе беа во живо, одеднаш непознат човек почна да пука во нив. Напаѓачот ги убил двајцата новинари и го ранил извршниот директор. Сето тоа се случило пред очите на телевизискиот кадар и пред илјадници гледачи. Убиецот – Вестер Ли Фланаган II бил идентификуван како отпуштен телевизиски новинар и поранешен колега на Паркер и Вард. Веднаш по нападот сакал да покаже каква „работа“ направил и ja проширил веста за овој трагичен настан преку социјалните мрежи. Тој пишуваше за пукањето на Твитер, постави видео на Фејсбук и го испрати својот писмен проглас до АБЦ Вести, објаснувајќи ги мотивите за неговото дело (дискриминација, расизам и сексуално вознемирување на работа). Истиот ден, Фланаган изврши самоубиство. Потоа, во американските медиуми почна дебата за тоа дали треба да се покаже видео-снимка од овој трагичен настан или не. Генерално, се чини дека прикажувањето убиства во живо на телевизија е ситуација за која нема соодветно решение.

Индија

Screenshot_1-4

Во овој случај нема пукање во живо, туку една лична и тажна приказна за индиската новинарка – Суприт Каур, ТВ-презентерка на вести за индискиот канал ИБЦ24. Таа ги читала најновите вести за една сообраќајна несреќа во која загинале три лица. Преку телефон друг новинар давал детали за жртвите, за автомобилите и за целата несреќа. Новинарката сфатила дека нејзиниот сопруг е една од жртвите (истиот модел на автомобил, бројот на патници во автомобилот, патот што требало да го помине). Каур останала смирена и продолжила да ги чита другите наслови повеќе од 10 минути. Откако се изгаснала камерата, почнала да плаче и заминала на местото на несреќата. Таа покажала висок степен на професионалност и заслужува огромна почит.

Да се ​​биде новинар не е лесна работа. Има многу моменти кога треба да се прикријат ужасните вести. Згора на тоа, социјалните мрежи сега станаа место каде што може сè да се прикажува. Ако го нема на ТВ, сигурно ќе го најдете на интернет. Телевизијата стана место каде што можете да очекувате пренос во живо од некои трагични настани. Веќе има многу примери, како што се нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк или цунамито во Јапонија. Иако може да има некакви предупредувања пред да се прикаже снимката, повеќето луѓе продолжуваат да гледаат. Контроверзните снимки секогаш имаат многу прегледувања, луѓето зборуваат за нив и сакаат да ги гледаат одново и одново (прегледувањата на Јутјуб-видеа од популарни, трагични настани се само доказ за тоа). Најлошо е кога гледачите се навикнуваат да гледаат насилство на телевизија и на интернет. Сè што сакам е да потсетам дека новинарството може да биде дел од нешто добро, кое има за цел да споделува позитивно однесување меѓу општествата. Веќе во 70-тите години, младата новинарка спомната во статијата обрнала внимание на прикажување сензационални вести за сметка на социјални, важни теми. Замислете, би било добро да се најде ваква рамнотежа кога ќе го вклучите телевизорот по долг ден.

Паулина Голебиовска

Translator: Liljana Ristova

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s