Младинска обука “Rural on the go – My Green future”

31429623_10156436284529319_4480354529925136384_o

Во периодот од 25-ти април до 2-ри мај се одржа проектот “Rural on the go – My Green future” во Берлин, Германија. Проектот беше одлично организиран од страна на NGO NEST од Германија, во соработка со македонската организација Волонтерски Центар Скопје  која ни овозможи да учествуваме на овој проект каде воглавно се работеше на тема за подобрување на руралните средини и зголемување на агротуризмот во истите.

Обуката беше исполнета со многу активности и игри за градење на тимот. Имавме можност да запознаеме прекрасни пријатели од Србија, Црна Гора, Албанија, Унгарија, Романија и Италија.

Ваков тип на младински проекти “KА1” организирани од Erasmus +, се од преголема полза за секој млад поединец. Се добиваат многу нови знаења кои што сите учесници ги споделуваат за тоа како функционираат нивните земји и учиме како да комуницираме во тим со различни националности, без никакви предрасуди. Со еден збор ги прошируваме своите видици.

Интересно е тоа што преку различни активности и методи беше презентирана целата проблематика за која се залагаше проектот.  Сите учесници преку групна работа и активности, презентации, работилници и меѓусебни средби пробувавме да дојдеме до креативни идеи за можни начини на развивање на еко-туризмот во нашите земји.

Покрај тоа се одвиваа дискусии за тоа како младите да бидат вклучени повеќе во општеството, како да се зголеми свеста за зачувување на животната средина. Овој дел може да се земе како примарен елемент, а веднаш после ова се надоврзуваат проблематиките за вработеноста во локации со агро-туризам, како и бизнис идеи кои имаат за цел да ја доближат природата и здравата храна до поголем број на луѓе. Како еден поважен сегмент може да се  нагласи интеркултурната вечер, каде сите држави-учесници  имаа простор   да го покажат најдоброто од своите татковини. На тој начин, разменивме искутва и добивме нови информации за застапените земји.

Искуството ни беше одлично и дефинитивно повторно би заминале на следна ваква размена.  По завршување на семинарот направена е шестмесечна програма и активности кои треба да се преземат од страна на учесниците за да се испромовира програмата за која беше дискутирано.

Автори: Сања Георгиева

Милош Димковски

 

 

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: