Феникс

Самоуништување или пак казнување на своето его поради туѓите грешки. Цената на гревовите кои се нанесуваат врз тебе, ја плаќаш со сопствените солзи. Секој ден се повеќе и повеќе плаќаш за секој еден човек, кој решил да го упропасти твојот живот, бидејќи неговиот веќе и го нема. Молчиш и чекаш судбината да постави некои нови правила. Додека тонеш длабоко и чувствуваш силни удари по твоето тело, се надеваш дека ќе дојде крајот. Сонуваш за некој подобар крај. И тогаш кога мислиш дека е крај, кога животот ти е уништен и кога веќе немаш никаква надеж – време е да се издигнеш. ФЕНИКС.

edgar-chaparro-IC3h9UW_63E-unsplash

Рашири ги своите крилја и само полетај. Полетај толку високо што останатите ќе гледаат со восхит. Сите рани кои ти биле нанесени, сите болки и солзи излечи ги со огнот на твојата душа. Нема рана што времето не може да ја излечи. Продолжи да леташ.. Собери ја сета своја сила во еден здив, во оној здив кога треба да летнеш повисоко. Сега веќе ништо не може да те запре. Ти леташ и освојуваш, добиваш и уживаш во се она кое што ти било одземено.

starry-sky-3903947Храбар си. Моќен си. Имаш срце кое не може да попушти. Имаш ведрина и спокој. Новиот ТИ е посилен од било кога. Ти си толку силен што можеш да направиш и другите да станат како тебе, да мечтаат, да сонуваат. Можеш да се направиш горд на себеси како никогаш досега. Направи го тоа денес! Колку и да е тешко и болно, излечи ги своите рани и летни високо. Направи да гледаат со восхит кон тебе и да го проколнуваат секој момент кога те срушиле на земја.

Симона Паскоска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: