„Воисес“ – Гласот на младите веќе 15 години

Списанието замислено да ги разбие стереотипите во општеството беше креираново декември 2006 година во соработка на ВЦС и средното училиште „Д-р Панче Караѓозов’.

Идеалите ни се исти како и кон крајот на есента 2006 година кога го објавивме првиот број на магазинот „Воисес“. Во многу поскромна варијанта, но со моќна порака: толеранција. Тогаш бевме загрижени поради насилството меѓу младите од различни етнички заедници во нашата татковина. Не можевме немо да набљудуваме како се крши и онака кревкиот соживот и тоа врз најневините и најнаивните – децата. И затоа го подигнавме гласот. Станавме гласот. Станавме „Воисес“.

Списанието замислено да ги разбие стереотипите во општеството беше креирано со кариерниот центар во средното училиште „Д-р Панче Караѓозов’.

„Сакавме млади новинари, активисти и волонтери бргу да пренесат ’гласови’ за предрасудите и тензиите на етничка основа што тогаш беа активни меѓу младите. Кратко време, магазинот беше поддржан и од Агенцијата за млади и спорт, а потоа стана и е целосна одговорност, обврска и задоволство на Волонтерски Центар Скопје. Во меѓувреме, списанието прерасна во квалитетен производ, во кој стотици и стотици млади волонтери научија да пишуваат и да размислуваат новинарски, да дизајнираат, да ги подобрат своите јазични способности, да научат тимска работа во интеркултурна средина и да креираат јавно мислење“, се присетува Никола Станкоски, основач и директор на ВЦС.

Линдита, Елмедија, Дамјан, Моника, Силхан, Харис, Амир, Фикрет, Владимир, Валентина и Николче ги уредуваат првите броеви на „Воисес“ со посебна поддршка од професорот Благоја Ѓорчевски.

„Сите треба да разбереме дека заедно сме посилни, само заедно можеме да стигнеме до некоја поубава и помирна иднина. Зарем не ни е доста од оддалечување, зарем не разбираме што пропуштаме и со што ни ги полнат главите? Не постои нација без свои проблеми, никој не смее да помисли дека предрасудите се вистина, бидејќи реалноста е поинаква“, апелираа младите.

Деценија и половина подоцна, „Воисес“, во годината кога слави 15-годишен јубилеј,и натаму упорно ги руши стереотипите во општеството. Во нашиот магазин, кој секој месец го објавуваме електронски, а го печатиме три пати годишно (и бесплатно го дистрибуираме), се пишува на македонски, англиски и албански јазик. Во него сега пишуваат Жул, Руте, Дафина, Клариса, Кристофер, Симона, Евелина, Селина, Ана-Марија, Виторија, Елтон, Јосип… Волонтери од странство што престојуваат во ВЦС, локални поддржувачи, активисти и младински работници од Македонија и од странство што имаат потреба да го искажат својот став.

Се трудиме да бидеме актуелни и модерни без да се валкаме со политика или со говор на омраза. На читателската публика и нудиме свежина и оптимизам. Медиумската писменост е важна алатка во подигнување на демократската свест во општеството. Придружете ни се, бидејќи „сите треба да разбереме дека заедно сме посилни, само заедно можеме да стигнеме до некоја поубава и помирна иднина“.

Горан Адамовски

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: