218 март

За убавина сонувам
Таква убавина
Природна-непокосена
Конец од коноп
Букет од суво цвеќе да врзам
Шалче, капа на детенце
Да му сплетам
Душичката да (му) ја стоплам

За убавина сонувам
Ваква убавина
Вистинита-недопрена
Панделка ми дај
Книга да украсам
На неук да ја подарам
За пролет слободно (ми) зборувај
зашто веќе не се плашам

За убавина сонувам
Онаква убавина
Нежна-милостлива
Маченце бело како снегот што се топи
Во корпичка, со розово пуфче
Подари меко
И кадифено розово клопче внатре стави
Бројни игри предвиди

За убавина сонувам
Таква каква што ќе замислам
За љубичици на тераси
Пикник во двор со слатки и торти
Гласна смеа која до рајот допира
Љублива гримаса
Нежен глас
И раце отворени за прегратка
Какви само во пролет кај неа има

*Spring waltz – Chopin (Mariage D’amour-Paul de Sennneville)
**Waltz of the flowers – Tchaikovsky

Дафина ,,Даффне “ Веселиноска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: