Недокажани зборови

Jr Korpa | Unsplash

Недокажани зборови,
неиспишани стихови,
не сонувани сонови,
неискористени мигови…
Неостварени мечти,
недогледни небесни зраци,
незаборавни ѕвездени краци…
Посакувам, се да ти кажев
сите стихови на светот да ти ги подарев,
сите сонови да ги споделев
сите мигови да ги доживеев.
Сите мечти да ги дофатев
сите сончеви зраци да ги осетев
сите ѕвездени краци да ги украдев.
Посакувам да можевме да побегнеме
од целиот универзум да заминеме,
да исчезнеме во времето,
да се вратиме назад во минатото.
Тогаш, сите зборови ќе ти ги кажев
сите стихови на овој свет ќе ти ги напишев,
сите сонови ќе ги сонував
сите мигови ќе ги доживеев.
Тогаш сите мечти ќе ги дофатев
сите сончеви зраци ќе ги осетев,
и сите ѕвездени зраци ќе ги украдев.
Она што не заврши,
сега душата ми ја кине,
длабоко ме прободува
и болка ми нанесува,
многу недокажани зборови се враќаат
како река длабоко во мене наидуваат,
се обидуваат да излетаат
да пристигнат онаму каде што припаѓаат.

Симона Паскоска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: