Сигурно сте слушнале за стрипови како ‘Супермен’ и ‘Икс-Мен’, или пак можеби ве интересираат источните наслови како ‘Акира’ и ‘Блич’. Како и да е, знаете за постоењето на стриповите и нивното влијание врз модерни медиуми. Иако во денешно време можете да велите дека главно сте пораснале гледајќи телевизиски серии наместо стрипови, луѓето од времето на некогашната Југославија би го рекле спротивното, поради доминацијата на ‘Алан Форд’, ‘Загор’, ‘Блек Стена’ и други стрипови во маркетот и умовите на луѓето во тоа време.

Златната доба на стрипови во југоисточната земја се смета дека започнала во раните 1930-ти години во Белград, а завршила со инвазијата на нацистите во Југославија во 1941. Првите стрипови биле кратки со хумор. Биле поставени во одделени делови на весници или собрани во списанија наместо томови како повеќето што ги гледаме денес. Еден од најраните примери за ова бил американскиот стрип ‘Таен Агент Икс-9’ кој имал цела страница посветена за него во весникот ‘Политика’ во 1934, иако тој немал воглавно хумористична тематика. Детските списанија исто така придонеле до популаризирање на стриповите така што посветиле голем дел од нивните страници за прикажување на цртани приказни и илустрации. Странските ликови биле особено популарни меѓу кои Мики Маус го завземал престолот за најприкажан лик во југословенските стрипови. Од тие причини се појавиле многу адаптации од овој лик нацртани од страна на српски илустратори, адаптации како ‘Микијеве Новине’ и ‘Мика Миш’.
Популарноста на Мики и не била секогаш позитивна. Честопати стриповите се одлики на заедницата, затоа кога кралот Петар II на Југославија и неговиот регент Принцот Павле ја виделе сличноста помеѓу нив и ликовите на Дизниевиот стрип за Мики ‘Монарх од Медиока’ во 1937 год. дошло до цензура на стрипот кој бил објавуван во весникот ‘Политика’. Цензурата завршила две години подоцна во 1939, а серијата на стрипови продолжила со принтање на нови поглавја. Хуберт Харисон кој бил дописник на Њу Јорк Тајмс во Белград пишувал за таа цензура и дури бил прифатен како херој од страна на луѓето (и покрај неговото протерување од Белград).
Децении подоцна, по Првата светска војна, читањето и креирањето на стрипови биле обесхрабрени од новата комунистичка држава. Стриповите се сметале за корумпирани пропаганди од западот и штетни за заеднцата. Поради ова некои од југословенските партизани убивале или прогонувале автори на стрипови во тоа време бидејќи верувале дека биле придружници на воена пропаганда. Таква била судбината на авторот Вељко Коцкар (пишувал комични стрипови за Пајо Патак и кактус луѓе ‘Кактус Бата’ меѓу останатото) кој имал само 24 години кога бил убиен од партизаните поради навод дека бил придружник на германското Гестапо. Популарноста на стрипови паѓала се до разделбата на Тито и Сталин во 1948. Полека повторно започнале увезувања на странски стрипови во Југославија меѓу кои се нашле повторно тие на Волт Дизни и нови француско-белгиски цртани како ‘Штрумфови’ кои сеуште се релевантни. Меѓу домашните стрипови особена популарност имал ‘Мирко и Славко’ кој бил првиот југословенски стрип да добие филмска адаптација. Истоимените ликови имале интересна динамика која ја привлекла публиката, а партизанскиот карактер на цртанот успеал да го промени негативното мислење за стрипови на Комунистичката партија на Југославија.
При крајот на 1970-тите години стриповите ја добиле најголемата популарност до тогаш. Стигмата против стрипови, особено тие од западот, скоро сосема ја снемала. Горе наведениот популарен стрип ‘Мирко и Славко’ до тогаш бил критикуван и сметан за застарен и се повеќе имало барање за западни дела. Италијанската група на писатели на цртани ЕссеГессе креирале повеќе дела со фокус на Америка кои ја привлекле југословенската публика. ‘Командант Марк’ и ‘Блек Стена’ се наслови од ЕссеГессе кои оствариле голем успех во Југославија иако 30 години претходно ваквите дела биле несакани во земјата. Двете дела се фиктивни, авантуристички прераскажувања на Американската револуција со главни ликови кои се борат против британскaта власт. Други стрипови со ваква тематика биле ‘Загор’ кој ги раскажува делата на главниот лик Загор Тенеј, американски борец за правда чие име значи дух со секира, и ‘Текс’ кој раскажува за ликот Текс Вилер, чесен ренџер и непријател на дискриминација; двете публицирани од италијанскиот издавач Сергио Бонели Едиторе. Меѓу останатите популарни стрипови во овој период биле ‘Алан Форд’ кој го покажува животот на таен агент во Њу Јорк, и британскиот ‘Модести Блејз’ кој нé запознава со женскиот протагонист со криминална позадина.
И по разделбата на републиките кои биле дел од Југославија биле популарни стриповите преведени на српско-хрватски јазик. Јазикот бил користен за странски преводи уште од првите појави на стрипови во државата. Тоа не е воопшто необично, бидејќи издавачките куќи биле претежно во српската република. Иако стрипови (кои не се од Марвел или Јапонија) можеби не се толку познати веќе во Македонија, верувам дека постојат издавачки куќи со македонски превод, сега повеќе од било кога.
До ден денес тука можеме да видиме стари стрипови на српско-хрватски јазик, можеби и почесто од колку преводи на македонски јазик. Кога посетувам трафика и кога ќе здогледам некој стрип на српско-хрватски јазик, си помислувам за влијанието на југословенските издавачи кои придонеле до растот на стрипови во земјата и по одвојувањето на републиките. Сопствената љубопитност ме тера да истражувам повеќе. Следна задача која си ја задавам во врска со оваа тема ќе биде читањето на некои од старите стрипови.’Загор’ го купив пред некој месец за мојот татко за да го потсетам на неговата младост, сега е мој ред да навлезам во стрип еуфоријата од тој период. Дали и вие би го прифатиле тој предизвик?
Николина Баџукова
Leave a Reply