„Вие мора да го преземете лидерството на утрешнината.
За тоа да биде возможно Вие мора да ги зајакнете Вашите капацитети,
да ја проширите Вашата визија како глобални граѓани“
Генералниот Секретар на ОН Бан Ки-Мун


Петта година по ред во Македонија се спроведе програмата Македонски Модел на Обединети Нации во имплементација на Коалиција на младински организации СЕГА заедно со Волонтерите од Мировниот Корпус во Македонија.
Програма Модел на Обединети Нации има за цел како да им се претстави работата на Обединетите Нации и можност младите да ги зајакнат своите капацитети за застапување, лобирање, преговарање, дипломатија, разрешување на конфликити, јавоно говорење и пишување.Програмата вклучи млади луѓе од 16 до 29години кои имаат амбиција да бидат дел од демократските процеси, меѓународните соработки, разрешување на глобалните прашања и застапувања и лобирање за разрешување на глобалните ситуации и прашања.


Годишната Конференција на Модел на Обединети Нации Макеоднија 2016 се одржа на 28 Мај 2016година во просториите на ФОН Универзитет во Скопје. На конференцијата се оценуваше познавањето на темата, земјата која се преставува и организацијата на Обединетите Нации, вештините и способностите за дебата и јавното говорење, но и начинот на облекување и односот спрема другите учесници. Секој делегат имаше можност да дебатира на две теми. Имавме навистина извонредни дебати и откривме многу ангажирани млади луѓе, кои знаат да бидат одлични оратори. ММОН Конференцијата и оваа година имаше регионален карактер , на истата учествуваа 150 млади од Македонија и 10 млади од Косово.

Во улога на делегати ги застапуваа ставовите на 15 земји членки на ОН во 8 различни тела/комитети на Обединетите Нации и имаа задача да дебатираат на реалните и тековни светски теми, од намалување на сиромаштијата, бегалската криза, деца во вооружени конфликти, детски бракови, економска глобализација, вработување, одржување на меѓународниот мир и безбедност, и мерки за борба против тероризмот.
На Конференција се симулираше работата на 8 различни тела на Обединетите Нации во меѓу кои Советот за Безбедност, Економскиот и Социјален Совет, УНИЦЕФ, УНДП ,УНХЦР,.
Најдобрите делегати на затворањето на Конференцијата беа наградени со сертификат за Најдобар Делегат на комитетот/советот во тој делегат ја претставувал својата држава.


Енергијата и атмосферата која циркулираше во текот на целодневниот настан. беше толку позитивна и мотивирачка во иднина да се продолжи со истото темпо да се имплементира оваа програма и да се вклучат што е можно повеќе млади луѓе од Македонија и регионот. Досега во овие пет години на спроведување на програмата учествувале повеќе од 900 млади луѓе од цела Македонија.

Македонскиот Модел на Обединети Нации претставува академска симулација на работата Обединетите Нации преку своите земји членки, во Генералното собрание на ОН, Советот за безбедност, Економскиот и социјален совет, УНЕСКО, УНИЦЕФ, ФАО, Комитетот за разоружување и Меѓународна безбедност и Секретаријатот на ОН.


Вакви Конференции се организираат во најголемиот број на земји членки на ОН, со цел младите луѓе да се запознаат со работата на Обединетите Нации преку практикување на моделот на ОН.



„Ова е можност за развивање и практична примена на вештините за преговарање, дипломатско однесување и меѓународни партнерства.“
Сара Вуд, Директор за програмирање и тренинг на Мировниот Корпус во Македонија


Автор : Ивана Анѓеловска


Leave a comment