
Претставници на Волонтерски Центар Скопје во периодот од 1-ви до 15-ти Март 2017 година беа дел од проектот со наслов “Sustainable organizations”, во рамките на Еразмус Плус Програмата. Проектот се одржа во Св.Мартин,Француска територија, и беше имплементиран заедно со учесници од асоцијацијата Léo Lagrange Nord од Франција и од асоцијација EIVA Романија.
Организациите-партнери од Франција, Романија и Македонија, заедно индентификуваа голема потреба да се зголеми знаењето за алатки и активности на младинските работници, со кои може да се зајакне и зголеми одржливоста на организацијата.
Проектот имаше за цел да зајакнат вештините и знаењата, како и споделување на практики помеѓу партнерите за развивање на компетенции поврзани со идентификување на финансиски средства, покрај фондовите на ЕУ, со цел да се имплементираат младински активности во нивните заедници / корисни информации поврзани со прибирање финансиски средства. Дел од целите на проектот беа да се обезбеди/овозможи:
-Подобар пристап до добри практики во областа на организациски менаџмент и одржливост, корисни практики за да се донесе со цел да се развие јавни кампањи, младински настани.
-Донесување прагматични решенија со цел да се олесни пристапот до ресурси за младински организации, покрај јавните фондови, начини на лобирање и застапување на младинските идеи/активности.
– Развивање на посилна мотивација во однос на професионалниот развој и успех за младински работници кои се активно вклучени во работа со младите и младинските организации.
Покрај работните активности кои учесниците ги имаа во текот на нивниот престој на островот Свети Мартин, тие имаа можност да посетат дел од убавините на островот како песочни плажи и заливи, тропска шума, културно – уметничките настани/фестивали кои се одржуваа во моментот на самиот остров. Посета на историски локалитет – тврдина која крие интересни историски податоци. Самиот остров изобилува со огромни количество на тропско овошје и морска храна.

Можност да се комуницира со локалното население и да се дознае нешто повеќе за карактеристиките на самиот остров кој е поделен на два дела Холандска територија и Француска територија во прегратките на Атланскиот океан и Карипското море.


Leave a comment