Волонтерски Центар Скопје, денес 18ти Мај 2017г. во конференциската сала на хотелот Холидеј Ин по повод успешното реализирање на проектот „Учење Претприемништво“ организираше завршна конференција на проектот .
КултурКонтакт од Австрија како главен носител на регионалниот проект заедно со националните партнери Министерството за образование и наука (МОН) на Република Македонија, Центарот за стручно образование и обука и младинската организација Волонтерски Центар Скопје вклучувајки ги средните училишта на територија на Република Македонија изминатата година успешно спроведоа модулите на проектот„Учење Претприемништво“. Претприемништвото, на европско и национално ниво, се издвојува како клучна компетенција која придонесува за економскиот развој и личната исполнетост. Култур Контакт од Австрија заедно со експерти од Австрија, Косово, Македонија и Албанија, програма за обука на наставници и материјали за предавање/учење со нови иновативни методи и пристапи кон претприемничкото учење. Исто така е изработен е прирачник на македонски и албански јазик кои професорите ќе можат да го користат во текот на нивната настава.
На самата конференција учество и свое излагање имаа претставници на Амбасадата на Р.Австрија во Р.Македонија, нејзината Екселенција Ренате Коблер, Министерот за образование и наука Г-дин Пиштар Љутфиу, Г-ѓа Моника Мот- раководител за образование од КултурКонтакт Австрија, Г-дин Михаел Шернтанер-КултурКонтакт Австрија и Г-ѓа Ајше Селмани- Директорката на Центарот за стручно образование и обука кои ги споделија резултатите од спроведувањето на овој проектот, како и големата важност на Претприемништвото и градењето на идните млади претприемачи во Македонија.
Министерот Лутфиу во својот говор нагласи дека претприемачкото образование е меѓу приоритетите на МОН и истотака дека е неопходно развивање претприемнички дух кај младите “Развојот на претприемништвото резултира со зголемување на креативноста, иновативноста и развој на нови производи и услуги кои поттикнуваат зголемување на конкурентноста и структурни промени во создавањето нови работни места”- рече Лутфиу.
Амбасадорката Коблер истакна дека ова е уште еден пример на соработка меѓу Австрија и Македонија во образованието. Според неа, учениците кои имаат знаења по претприемништво имаат поголеми можности за вработување.
На конференцијата присуствуваа експерти, обучувачи, професори, преставници на младиснки организации и ученици.
Во текот на конференцијата обучувачите и професорите кои го поминаа првиот циклус на обуки од проектот „Учење Претприемништво“ се здобија со сертификатите за успешно завршени обуки.
Проектот „Учење Претприемништво“ на КултурКонтакт од Австрија и во текот на 2017година продолжува со реализирање и спроведување на обуки за професори во организација на Волонтерски Центар Скопје.
Конференцијата беше затворена со музички настап на младиот музички бенд од СЕПУГС” Васил Антевски -Дрен” -Скопје.












Leave a comment