Сексуалните и репродуктивни права се неделиви од човековите права и сите луѓе треба да го уживаат своето право на сексуална слобода, идентитет и право да имаат пристап до информации и услуги за сексуалното и репродуктивно здравје. По тој повод на датумите 18ти и 19ти Јуни, во просториите на Волонтерски Центар Скопје се одржа обука на тема “Сексуално – Репродуктивно здравје и заштита”. Обуката беше наменет за врснички едукатори од областа на сексуалното и репродуктвно здравје и права на млади, кои ќе имаат можност да се стекнат со нови техники, знаења и можност да ги споделат истите како и организирање на пиер едукативни работилници за сексуално и репродуктивно здравје меѓу младите и адолесцентите во Скопје. Целта која сакаме да ја постигнеме е подобрување на сексуалното и репродуктивно здравје и права на адолесцентите и младите, преку обезбедување на информации, знаење и вештини на живеење како и зголемен пристап на услуги. Подобрување на пристапот до информациите и услугите за планирање на семејството, вклучувајќи пристап до контрацептивни методи и безбеден абортус.
Оваа обука е дел од локалните активности на европскиот проект “Sexuality and sexual behavior among youth – between social taboo and formal education scarcity” каде што Волонтерски Центар Скопје е дел во партнерство со организации од 12 европски држави, поддржано од Европска Комисија.

Leave a comment