Заробената принцеза

Си беше едно девојче, растено како принцеза и полека заробувано. Како? Па со помош на чувството на вина и страв, се разбира! А, и да, неизбежното осудување на сѐ и сешто од страна на луѓето околу неа.

И така, таа живееше со правила, како „прави како што ќе ти се каже” и „не прашувај многу”, зашто така функционира пријателството.

И „немој да дозволиш некој да се вознемири поради било каква твоја желба”, зашто така функционира семејството.

И „само со наведната глава треба да се покоруваш на оној кој е шеф”, зашто така функционира општеството.

„Биди таму во тоа време и прави го тоа во тој ден и глуми дека си среќна, никогаш не кажувај како се чувствуваш, зашто тоа ќе им го уништи расположението на другите, драга.”

„На навредите само послушно кимај со главата, та ова е така од секогаш, па сега ти ќе го смениш?”

“И не се буни, тоа е невоспитание!”

“И издржи, па кога ќе си полнолетна, прави како што ти годи”

max-van-den-oetelaar-BDdKL1pcx64-unsplash

Еден ден `и преседна од сето тоа! И, се обиде, не отиде таму во тоа време, туку отиде на друго место. Виде други луѓе, луѓе кои `и го издигнуваа духот и не `и судеа за секој кажан или помислен збор. И, се обиде, покажа како се чувствува и тие повторно ги заострија мечевите на стравот и чувството на вина. Но, таа беше недопирлива за нив, зашто веќе како да беше издигната над сите оние кои `и судеа, а не си ги гледаа своите гревови. Немаше чувство на вина за правење на работите кои ја правеа среќна, а со кои не штетеше никому. И немаше страв за последици кога ги бираше луѓето кои ја доведуваа до благосостојба.

Така, таа сега живее со визии за добра мисла, а не манипулирање. Визии за растење, а не пропаѓање само затоа што „од секогаш било така”! Набргу, таа почна да цвета, а никој не си даваше за слобода да згази на таков цвет.

Дафина Веселиноска

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: