Ноќта штом тивко ќе падне
и езерските ѕвезди ќе светнат,
сите мои мечти до него ќе летнат.

Пловат и го потсетуваат на нас,
длабоко тонат и бараат слобода и спас.
Пловат низ езерото на солзи
и испишуваат спомени за една љубов силна,
за една прегратка заборавена милна.
Тонат во длабочината на езерските води
тонат низ езерските спомените болни,
тонат во сеќавањата уморни.
И така секоја охридска ноќ тажна
дава надеж голема лажна,
надеж за љубов со среќен крај
надеж за љубов полна со сјај.
Љубов која живее во нашите срца
полни со љубов која боли,
и надеж што силно моли.
Зарем не те боли секое сеќавање на нас?
Зарем не го слушаш моето викање без глас?
Ги заборави сите наши спомени
ги заборави сите наши ноќи кои тивко се смеат,
и брановите кои на нашата љубов играат и пеат.
Но, останаа охридските сеќавања да молчат и плачат.
за една тажна љубов од која само тага и болка зрачат.
Симона Паскоска
Leave a Reply