Од ЗОО Скопје – со љубов

Радоста на родителите и децата што ги гледаат своите омилени животни во живо е постојано чувство што ве следи при посетата на Зоолошката градина во Скопје. И тоа без разлика на денот или времето, кога е студено или неподносливо топло, како што беше во неделата кон крајот на јули. Зоолошката градина во Скопје, чии вработените се трудат да ја издигнат до највисоко ниво, од минатиот месец е „побогата“ за 50-ина локални волонтери кои се пријавија преку Волонтерски центар Скопје за да ја спојат љубовта кон животните заедно со потребата да се волонтира и придонесе за подобра заедница.

Со бреднираните бели маички – волонтерите се лесно препознатливи во ЗОО Скопје. Вообичаено доаѓаат по десетина во смена, на колку што делови е поделена Зоолошката. Период е на летни одмори, а деновите се неподносливо жешки, па бројката се намалува. Работат најмногу за време на викендите, во две смени: од 10 до 14 часот и од 14 до 18 часот. Волонтерите работат во различни области, но нивните задачи се слични. Тие им помагаат на посетителите и чуварите на зоолошката градина со тоа што ги хранат животните, даваат информации на посетителите, внимаваат да не биде загрозен редот и мирот во градината…

Во доцната јулска недела, – во првата сена дојдоа четири волонтери: две млади девојки и мајка со ќерка. Една од волонтерите штотуку ја започнуваше својата авантура во ЗОО Скопје и беше воодушевена што доби шанса да им помага на животните. 

„Сакам да бидам од корист и да имам добро влијание преку мојата работа, па верувам дека волонтерството ја дава таа можност“, рече таа. 

Друга причина е што волонтерството им овозможува да растат и да станат поискусни преку различни активности, кои во иднина ќе им бидат корисни. Мајката и нејзината ќерка работеа во „мини-зоолошката“ градина, хранејќи ги животните и водејќи ги посетителите наоколу. Да волонтира може секој -, без разлика на која возраст сте. Тие беа исклучително ентузијастички настроени, а насмевката не се симна од нивните лица. Местото беше преполно со енергија и можеше да се видат деца наоколу како уживаат во малите суштества.

Своите впечатоци од ова место ги споделија и чуварите на Зоолошката градина. Тие се грижат за животните и сакаат да ги едуцираат луѓето. 

„Помошта од волонтери е неопходна, бидејќи има многу работа“, посочуваат тие.

Вработените со задоволство го споделуваат своето знаење и искуство, па може многу да се научи од нив. За љубителите на животни – ова е неверојатна можност. Понекогаш имаат поинакви активности, како на пример беше да подготвуваат замрзнато овошје за животните, што беше одлична идеја за овие топли денови.

Зоолошката градина Скопје се наоѓа во Градскиот парк. Има околу 495 животни од 96 видови. Основана е во 1926 година, но тогаш била многу помала. Оттогаш расте и се подобрува. Има многу да се види; ќе ви треба време да прошетате наоколу, но вреди. Жирафи, слонови, лемури или најмалиот мајмун на светот. Неверојатно е да се видат овие видови животни во живо.

Ова место е исполнето со љубов и е пример за тоа како можеме да го промениме општеството на подобро и да придонесеме за поздрава животна средина преку нашите сопствени постапки.

Александра Шумјелевич

Related posts