Големиот брат ве гледа

...и сте ги прочитале и прифатиле неговите услови за користење

Дали приватноста сеуште постои во ерата на Интернетот? Не баш. Како што интернетот се ширеше наоколу, давајќи им можност на сите да споделат за своите страсти и мислења, дозволувајќи им да остануваат во контакт или да се среќаваат со луѓе од целиот свет, виртуелните јавни места каде што сме израснале како млади луѓе од XXI-от век исто така еволуираа, и заборавивме еден навистина важен детаљ: социјалните мрежи, каде се среќаваме, споделуваме и пишуваме пораки, не се воопшто јавни. Напротив, мрежата е обликувана според нашиот реален свет, со големи компании, кои целат кон профит и ја уништуваат секоја конкуренција и поставуваат голем олигопол каде што се е приватно. Зошто е сеуште бесплатно тогаш? Затоа што вие сте производот.

Навистина, секоја информација што ја користите на интернетот е снимена и продадена на трети компании кои ве рангираат според вашиот профил, со цел да дознаат за вашите преференции и подобро да ве таргетираат. Колачиња, тракерите поставени да собираат информации за вас, се испраќаат во секоја апликација или веб-локација што ја користите: затоа, дури и без да се наоѓате на социјалните мрежи, секое користење на интернетот ќе остави одредени траги на серверите на големите компании. И вие се согласивте за ова: колку и да е досадно и долго, читањето на EULA (договорот за лиценца на крајниот корисник) и што е најважно, потпишувајќи ги доброволно ве тера да дадете се што можат да земат. Но колку податоци можат да добијат од вас? Еве една мала и неисцрпна листа.

– Се што пишувате кога се регистрирате во:  име, пол, години, адреса, слики од вас и вашите пријатели, телефон и адреса на е-пошта што се користи за најавување…

– Секоја интеракција што ја имате на социјалните мрежи. Постојат различни полиси според компанијата, но имајте на ум дека вашите коментари, пораки, се што ви се допаѓа или не, на кое поминувате повеќе време или го прескокнувате, како и вашите објави, слики или видеа на вашиот профил или во вашите разговори.

– Се на уредот што го користите. Локација – со следење на IP-a ако не со директна согласност – но исто и верзија на навигатор, бренд на уредот, времетраење на вчитување на страниците или информации за обработка (квалитет на интернет конекција и процесор на уредот), ниво на батерија, големина и дефиниција на екранот, временска зона…

Отпечаток на прст и препознавање на лице. Неколку медиумски истраги укажуваат дека дури и ако не ја користите камерата ниту апликацијата, iOS, Google или Meta можат да добијат пристап до микрофонот и камерата ако тоа го дозволите на вашиот телефон, што значи дека секој чекор и збор што правиш или кажуваш е снимен. Фејсбук го негираше тоа повеќе пати; и ова е нелегално во повеќето земји, но имајте на ум дека тие можат да го менуваат EULA кога сакаат и дека всушност имаат технологија за да го направат тоа во секој случај. Од друга страна, тие го регистрираат вашиот отпечаток од прст и информациите за поврзување. 

– Вашиот распоред. Секогаш кога се поврзувате и исклучувате, различните места на кои одите и ги користите тие медиуми им овозможуваат на некои апликации да нацртаат навистина детален план за вашиот живот. На пример, го проверувате Инстаграм наутро, испраќате неколку пораки на Whatsapp на пладне и повикувате некого на Messenger да закажете состанок после работа или факултет, потоа играте игра чекајќи во бар и објавувате некоја слика од вас, Мета ќе се сети со кого разговаравте, сите места каде што сте биле, часовите на кои не сте можеле да одговорите (кога и каде живеете, спиете, јадете и работите), кој бар е вашиот омилен, веројатно дури и пијалокот што сте го нарачале ако се појавува на сликата. На крајот на денот, компанијата ќе запомни во основа сè, дури и подобро од вас, без разлика дали има пристап до вашата камера или не.

Мејнстрим компаниите за социјални медиуми, како и навигаторите како Google или Microsoft Edge, се сржта на овие големи податоци за потрага. Тие всушност обезбедуваат услуги за поголемиот дел од светската популација: 59,4% од нив користат социјални медиуми во 2023 година, овој процент варира од еден континент до друг: 83,5% во Западна и Северна Европа, додека само Африка и Централна/Јужна Азија се тие кои имаат стапки под 50% (помалку од 10% за Централна и источна Африка). Помеѓу овие компании за големи податоци, најголем број корисници има на Facebook и Google. Еве преглед на главната политика за собирање податоци на социјалните медиуми во 2023 година, според Условите за користење не се прочитани.

СервисБрој на корисници (во билиони)ДржачТипРанг (Според  ToSDR)
Google Chrome 3.2AlphabetПребарувачE
Facebook3MetaСоцијална мрежаE
Youtube2,6AlphabetСоцијална мрежаE
Whatsapp2MetaАпликација за инстант поракиD
Instagram1,2MetaСоцијална мрежаE
WeChat1,2Tencent Апликација за инстант пораки? (but probably E)
TikTok1ByteDance Социјална мрежаE
Messenger1MetaАпликација за инстант поракиE
Snapchat0,569Snap Inc.Социјална мрежаE
Discord0,563Benchmark (како акционер)Tencent (како акционер)Инстант пораки и социјална мрежаE
X (ex-Twitter)0,433X Corp. Социјална мрежаE
Reddit0,430Advance Publication (како акционер)Tencent (како акционер)Социјална мрежаE
Signal0,04Signal FoundationАпликација за инстант пораки B
DuckDuckGo0,1Duck Duck Go, Inc ПребарувачA

Како што можете да видите, освен маргиналните апликации, Големиот (Податок) Брат е насекаде. Но, дали е толку лошо да бидеш шпиониран? Тој одговор ви припаѓа вам, но не треба да им се верува на ветувањата на овие компании дека нема да продаваат никакви информации на државни организации. Tencent припаѓа на Кинеската комунистичка партија, а Американската полиција користи софтвер за вештачка интелигенција како ShadowDragon за да поставува профили, и нема да започнеме список на скандали што се разоткриени каде владата ги шпионира своите граѓани. И јас лично не сакам некоја компанија да го шпионира секој мој потег и размислување.

Што можете да направите за тоа? Прво и основно, бидете свесни дека ништо не е навистина приватно на Интернет, освен компанијата што ви ја дава услугата во замена на вашите лични податоци. Условите За Користење Не Се Прочитани ви дава резимеа на EULA за секоја услуга што ја користите. Потоа, постојат алтернативи, со поголема почит за употребата на личните податоци. Duckduckgo или Startpage како веб-мотор, Diaspora или Mastodon како социјални медиуми, Signal или Telegram како апликации за пораки. И, се разбира, VPN е клучот за вашата приватност: ве спречува да бидете лоцирани и следени и не остава никакви траги откако ќе се исклучите. Исто така, можете да го исклучите телефонот и понекогаш да го оставите дома: човечкиот род успеал да преживее без него неколку милиони години.

Јун Ле Бри

Превод: Димитар Дренковски

Извори:

Right.ly: the privacy policies of social media companies: https://right.ly/our-views-and-opinions/the-privacy-policies-of-social-media-companies-how-do-they-use-your-data/

Newsweek.com: 15 ways we give social media companies personal data: https://www.newsweek.com/15-ways-we-give-social-media-companies-personal-data-1580508

Terms of Service: Didn’t Read Website: https://tosdr.org/en/frontpage

Michael Kwet: ShadowDragon: Inside the Social Media Surveillance Software That Can Watch Your Every Move: https://theintercept.com/2021/09/21/surveillance-social-media-police-microsoft-shadowdragon-kaseware/

Statista.com

Related posts