Сè што ви треба е “помалку“

Одржливоста е концепт за кој секој индивидуалец треба да размисли во име на општеството, за заедниците, брендовите и секторите кои имаат влијание на општеството, за подобра иднина во секоја смисла и секое поле. Да го разгледаме овој концепт низ призмата на модната индустрија. Што прават луксузните брендови што може да го направиме самите.  

Несомнено, пандемијата имаше големо влијание на светот. Секако, модната индустрија е меѓу секторите кои беа најпогодени од овој процес. Во текот на овој период, главните проблеми кои се провлекуваа со години и беа запоставувани станаа видливи. Ќе биде правилно да ја споредиме состојбата на индустријата во последните години, што ја достигна брзината на донесување нови продукти во продавниците речиси секоја недела и постапува според произволни цели за раст наместо логична прогноза за понуда/побарувачка, со автомобил кој оди надолу со скршена кочница. 

На почетокот од пандемијата, додека светот сè уште беше во шок, директорот за дизајн на Гучи, Алесандро Мишел, кој ја шокираше модната индустрија со радикалните мерки кои г презеде и писмото кое го објави, ја инспирираше целата индустрија со тоа што одлучи да се префрли на 2 вон-сезонски колекции наместо 5 сезони годишно. „Како прво, сите ние разбираме дека отидовме предалеку“. „Нашето однесување ја уништи куќата во која живееме. Размислувавме за себеси надвор од природата, се чувствувавме лукави и моќни. Ние ја узурпиравме природата, ја издоминиравме и повредивме. Толку многу ароганција предизвика да ја изгубиме дружба со цвеќињата, дрвата и корењата. Толку многу алчност предизвика да ја изгубиме хармонијата, конекцијата и припаѓањето.“ 

Ако погледнеме во штетата предизвикана од модната индустрија на животната средина и луѓето, познато е дека секторот не само што креира 20% од загадувањето на глобалните води, 5% од вкупните емитирања на јаглерод и 35% од загадувањето со пластика на океаните, туку има и ефект на класните разлики и половата дискриминација. 

Особено во последните 15 години, како резултат на сè пораширен брзиот моден тренд, производите значително се скратија, а текстилниот отпад доби сериозни димензии. Доколку е потребно да се дадат информации во бројки, 70% од произведените текстилни производи стануваат отпад на крајот на истата година, или пред да стигнат до потрошувачот како вишок залиха или со завршување на нивниот корисен век. Стапката на рециклирање не е ни 1%. Во денешниот свет, каде што живееме речиси во период на фрлање, просечниот број на употреби на производи се намали на 7. Често наидувавме на целите на многу брендови за заштеда на вода/енергија, рециклирање и проценка на отпадот (контроверзни) и успех приказни за рефлексијата на ваквите ситуации во јавноста. Додека одржливата мода стана тренд концепт, нејзината злоупотреба за жал се зголеми толку брзо; Своето место во нашите животи го зазеде и концептот „зелено перење“, како што се нарекува злоупотребата на темата за маркетинг цели.

О„Зеленото перење“ (Greenwashing) е метод кој го користат многу луксузни брендови за да пренесат погрешни информации за тоа како нивните производи се произведуваат и дистрибуираат. Компаниите што го користат овој метод ве натераат да верувате дека прават повеќе за да ја заштитат нашата планета отколку што прават. Со тоа што се случува ова перење, може да биде речиси невозможно да се знае кои етички брендови за облека се 100% „етички“ и кои врвни брендови го спроведуваат она што го тврдат во пракса. д облека со привлечни етикети до изјави кои сугерираат дека предивото што ќе го купите има етичко потекло; Зборовите како што се чист, го сакаме светот, висококвалитетни, среќни и зелени се користат за да ги измамат потрошувачите да мислат дека го прават тоа.

Покрај сето ова, брендовите со високо ниво на свест велат „стоп“ на овие поразителни резултати на модната индустрија и ја штитат животната средина со етичко производство. Покрај тоа, постојат гранки на луксузни дизајнери меѓу брендовите кои го прифаќаат ова разбирање, а прашањето што ми доаѓа на ум е „Дали моден бренд од висока класа може да биде одржлив?“. Спротивно на она што го мислат повеќето луѓе, со вистинската насока на дизајнерите, брендовите за одржливост и луксузен дизајн можат да работат заедно.

Има толку многу врева во денешната индустрија за лажни тврдења за одржливост и спротивставени податоци за еко-акредитациите на брендовите што многу потрошувачи кои се обидуваат да направат истражување се соочуваат со парализа на аналитиката. Сепак, без разлика дали сте клиент кој тргнува на позелено патување или добро етаблиран бренд на пазарот на луксузни брендови, сите ние можеме да го дадеме нашиот дел да го водиме развојот на овој дел од модната индустрија.

Да почнеме со Стела Макартни со пример што прават светските брендови најпрво. Кога се произведува етичка облека, мисли не само на нашите гардероби, туку и на нашата планета. Се разбира, единствената причина да се дојде до оваа идеја не е тоа што само луксузните брендови се еколошки. Голем процент од базата на клиенти сега почнува да поставува прашања за одржливоста и етиката зад етикетите на брендовите. Истражувањата покажуваат дека се повеќе луѓе се подготвени да платат за одржлива облека, но повеќето од нас повеќе не знаат што значи зборот одржливост.

„Веќе едвај знам што значи одржливост“ – Стела Макартни

Ајде да продолжиме кон она што ќе го направиме за одржливата мода. Како можеме да го намалиме нашиот јаглероден отпечаток кога купуваме мода? Можеме да ви дадеме неколку предлози.

* Можеме да се обидеме да избереме што има „кружни“ или нула етикети за отпад.

* Може да се откажеме од опциите за подигање од локална продавница и да се откажеме од брза испорака.

* Можеме да го продолжиме животниот век на облеката со следење на упатствата за последователна нега, перење алишта на рака и користење еко-детергенти.

* Можеме да избереме облека направена од висококвалитетни материјали како органски памук или локална свила кои се помалку штетни за планетата.

* Можеме да ја намалиме вашата севкупна потрошувачка на облека со тоа што ќе направиме вашата облека да трае подолго преку поправка или доградба.

На крајот на денот, сè за нашите сегашни животни и работни навики се заснова на целта за зголемување на потрошувачката и „обезбедување економски раст“. Успехот отсекогаш бил поврзан со економски раст, а растот со просперитет и богатство. Сепак, несаканите ефекти од страста за раст врз човештвото и животната средина за жал се потценети или дури и игнорирани. Се надеваме дека ќе можете да го најдете вашиот следен совршен производ во оваа листа, произведен во согласност со етичките правила, а исто така можете да додадете свои ставки на оваа листа со доживување на просветлување со овој напис.

Бушра Арслан

Преведувач: Мартина Даниловска

извори:
Vogue.com – Gucci Alessandro Michele Coronavirus Experience
Academia.edu – Fashion with heart: Sustainable fashion entrepreneurs, emotional labour and implications for a sustainable fashion system
Rareandfair.com – Sustainable Luxury Fashion Brands
Onedio.com – Sürdürülebilir Moda Nedir? Sürdürülebilir Moda Akımını Benimsemek İçin Yapılması Gerekenler
Oggusto.com – Sürdürülebilir Moda Gerçekten Mümkün

Related posts