Мислам дека сите понекогаш ја добиваме оваа потреба само да побегнеме од сето околу нас. Сите ние се обидуваме да го најдеме тоа место каде што можеш да заборавиш на сè. Ова место за мене е под водата. Место што го најдов додека слободно нуркав. Тоа е хармонијата што ја чувствувам кога сум под вода, што мислам дека може да се најде во секој момент, но секој има свое место и време што го чувствува како дома.
Иако многумина би рекле дека океанот можеби не е толку мирен, сепак, можеш да го скротиш со нежност, а за возврат тој да те скроти тебе. Ја сакам оваа состојба на слободното нуркање каде што вашиот ум прифаќа дека мора да се опушти и вашето тело послушно го следи. Пред да нурнам премногу длабоко во поапстрактната страна на слободното нуркање, дозволете ми повторно да се појавам над водата и да ги објаснам основите.
Што подразбирам под слободно нуркање, односно што е слободно нуркање? Друг збор за слободно нуркање е „апнеа“ што во превод од грчки значи „без воздух“. Го истражувате и доживувате океанот, додека достигнувате екстремни длабочини и тоа со еден здив. Слободното нуркање за мене е ова „помеѓу“. Помеѓу нуркање со обично цевче и нуркање со боца за кислород. Слободното нуркање го започнувате со длабок здив и потоа нуркање надолу; некои ќе се обидат да стигнат до подлабоките краеви, но други ќе искористат еден здив за да го истражат дното на океанот. Мора да се направи „без воздух“ или со други зборови, без дишење. Верувам дека зборовите „слободно нуркање“ потекнуваат од фактот дека нуркаш, но ослободен од каква било опрема. Иако, мислам дека зборот „слободно“, исто така, многу помага во опишување како би можеле да се чувствувате.
Во последно време слободното нуркање беше ставено во центарот на вниманието откако Netflix го објави „Најдлабокиот здив“. Документарниот филм не води низ слободното нуркачка кариера на Алесија Зекини со помош на безбедносниот нуркач Стивен Кинан. Се надевам дека овој филм им даде правда на овие неверојатни луѓе. Тие го зафатија моето срце и дефинитивно успеаја да влијаат на мене. Нè води низ екстремите на натпреварувачкото слободно нуркање, обрнувајќи внимание на сите негови опасности, но и вклучувајќи ги сите овие неверојатни подвизи што може да се постигнат.
Што е тоа за слободното нуркање? Мора да се разликува по човек, дали слободното нуркање е навистина магично како што ми се чини. Дозволете ми да се обидам и да ви го отворам умот споредувајќи го со нешто магично како лебдење во вселената; иако можеби не сте во вселената за да се чувствувате бестежно, но, за разлика од таму, вие сте во средина полна со живот.
Мислам дека недостатокот на кислород не принудува да се прилагодиме на новите внатрешни услови. Постои и научен термин за него: „рефлекс на нуркање на цицачи“. Ќе навлезам повеќе за тоа какви се ефектите од рефлексот на нуркање кај цицачите, но пред да навлезам во тоа, сакав да објаснам дека е 50/50 е соодносот помеѓу тоа како слободното нуркање влијае на некого и како некој се занимава со слободно нуркање. Подготовките што ги преземам пред да нуркам се долги. За да ги оптимизирам овие нуркања, прават голема разлика во тоа како јас ги доживувам и колку се „успешни“. Мислам дека оваа оптимизација пред нуркање игра голема улога во моите доживувања, но, исто како што тие можат да го променат доживувањето на моите нуркања, така може да се користат за промена на сите искуства во мојот живот. Станува збор за смирување и разбирање и одговор на прашањето „зошто се влечкам низ овој ден“ кога може да го живеам? Влијанието на подготовката пред нуркање е исто толку важно како и самото нуркање.
Да се навратиме на рефлексот за нуркање на цицачи; тоа е рефлекс, очекуван од научниците, да влијае на повеќето, ако не и на сите цицачи. И луѓето го доживуваат, ние сме родени со него, тоа е еволутивно развиен рефлекс за зачувување на животот. Во основа нè смирува кога го задржуваме здивот и се потопуваме во вода. Кога водата доаѓа во контакт со нашето лице и го задржуваме здивот, предизвикувајќи да има фиксна количина на воздух во нашите бели дробови – нашите тела реагираат. Отчукувањата на срцето се забавуваат и крвта во нашето тело се задржува, прераспределувајќи ја првенствено на виталните органи. Ова е рефлексот на нуркање на цицачите кој се обидува да го зачува кислородот. Затоа понекогаш може да се изненадите од тоа колку долго можете да го задржите здивот кога сте потопени, во споредба со кога сте на копно.
Не сакам да заборавам да го ценам океанот поради она што е. Слободното нуркање е само средство за да ги цениме најневеројатните екосистеми, различноста и дивиот свет што може да ги понуди нашиот свет. Нашите мориња, можеби, не се наменети за сместување луѓе, но можеме да живееме таму. Луѓето имаат потреба за вода, но и за морињата. Со векови живееме претежно во крајбрежните области, морето го овозможи тоа да истражуваме понатаму, па дури и до ден-денес повеќето од нашите стоки и производи се транспортираат по морски пат.
Да живее океанот!
Александер ван дер Велден
Превод: Димитар Дренковски
Извори:
theguardian.com – freediving is this a sport or french existentialist swimming
Breatheology.com – the art of freediving
ncbi.nlm.nih.gov – physiology, diving reflex
youtube.com – why is being underwater so peaceful


Leave a comment