Дом

Супата ја јадам со многу лимон

Никогаш немам доволно трпение за да ставам втор слој лак на ноктите

Да, сè уште слушам касети, ги собирам од сите кои одбираат да ми ги дадат

Имам нов жолт џепмер со големи петлици кој го носам само дома

Понекогаш се шетам гола

Имам завеси во винова боја

Понекогаш пијам вино на тераса и ги гледам мачките од комшиите

Сонувам за вдомување на маче

Имам стара рерна која ми ги гори колачињата, сепак ги јадам

Имам евтин грамофон и неколку скапи плочи (наткасната на која ги чувам ми е свето место)

Имам пијано на кое упорно се трудам да научам нови песни, но моите прсти упорно ја

верглаат ,,Старофранцуска” од Чајковски

Имам столица која служи само за оставање алишта, секој ден ја гушкам

Секој ден се будам со потребата да чистам

Да си го чистам домот од сивилото надвор.

Дафина Веселиноска

Related posts