Тежината на тишината

Во овој сложен глобален свет, нашето колективно патешествие кон дестигматизирање на менталното здравје, честопати (и покрај нашите напори) изгледа како да сме заглавени во циклус од два чекори напред, еден чекор назад. Додека се движиме низ овој тежок пат, наидуваме на огромен број предизвици кои се закануваат да ги попречат нашите благородни напори.

Се наоѓаме себеси на крстосница. Од една страна, токсичната позитивност која постојано го негира постоењето на одредени ментални состојби и промовира насмевки како решение на нашите проблеми, служи како бариера, а неговите поддржувачи може да се залагаат за мотивациони пораки за издржливост и оптимизам со основниот принцип: дека треба вистински да размислуваме позитивно и нашите проблеми магично ќе исчезнат. Од друга страна, вознемирувачкиот тренд на самодијагностика, оние кои го пребаруваат интернетот за симптоми кои се совпаѓаат со нивните искуства и потоа гордо изјавуваат дека го имаат ова или она нарушување. Како да играат бинго за ментална болест, штиклирајќи ги полињата, небаре собираат значки за чест. Но, во реалноста, тие само ги банализираат искуствата на оние кои навистина се борат, минимализирајќи ја болката и страдањето на многумина како ништо повеќе од минлив тренд.

Дали знаевте дека стапките на самоубиства се во пораст во Македонија, при што секоја година се повеќе луѓе си го одземаат животот? Тоа е навистина загрижувачка статистика, а сепак продолжуваме да го криеме овој проблем под тепих, индиректно наведувајќи дека менталното здравје не е ничиј приоритет. Живееме во општество кое го цени изгледот пред автентичноста, каде што повеќе би сакале да покажеме храбро лице и да се преправаме дека сè е во ред отколку да признаеме дека страдаме. Живееме во општество каде што менталната болест се гледа како на знак на слабост, а не медицинска состојба како што е.

Фатени во циклус на споредување, констатно гледајќи преку нашите раменици што се има во соседните земји. Ова не остава да се чувствуваме неспособни и поттикнува чувство на незадоволство во заедницата, особено кога се комбинира со економските проблеми како сиромаштијата и невработеноста. Не е ни чудо што некои чувствуваат потреба да заминат во потрага по подобри можности на друго место.

Фатени во циклус на споредување, констатно гледајќи преку нашите раменици што се има во соседните земји. Ова не остава да се чувствуваме неспособни и поттикнува чувство на незадоволство во заедницата, особено кога се комбинира со економските проблеми како сиромаштијата и невработеноста. Не е ни чудо што некои чувствуваат потреба да заминат во потрага по подобри можности на друго место.

Секој од нас треба да го зајакне својот глас во единството, а мораме да ги засилиме и гласовите на оние кои триумфирале над неволјата, споделувајќи ги нивните приказни како надеж и инспирација за другите. Но, само раскажувањето не е доволно – треба да обезбедиме пристап до точни статистики, извори и мрежи за помош за да ги водат поединците во правилна насока.

Соработувајте со училиштата, работните места и организациите во заедницата за да имплементирате програми и ресурси поврзани со едукација за менталното здравје, пишувајте писма до избраните функционери и учествувајте на форуми за да се залагате за зголемено финансирање за услуги и програми за ментално здравје, поддржете го законодавството и политиките кои даваат приоритет на образованието за ментално здравје, превенција и третман на локално, национално и меѓународно ниво.

Зашто, бранејќи се во име на менталното здравје, ние удираме во коренот на сите општествени зла, поставувајќи ги темелите за поправедна и сочувствителна иднина.

Можеби најшокантно од се, е тоа што навистина, имаме моќ да го промениме ова. Треба да ги засукаме ракавите и да почнеме да работиме на решенија, кои, всушност ќе направат разлика во животите на луѓето. Имаме моќ да бараме подобро од нашите лидери, да бараме подобро од нашиот здравствен систем и да бараме подобро од себеси.

Доротеа Грковиќ

Доротеа го претставуваше Волонтерски Центар Скопје на младинската размена „Keep Dreaming“ што се одржа од 7-ми до 12-ти мај во Џардини Наксос, Сицилија.

Related posts