Во САД, тетка Фло доаѓа на посета, во Унгарија се вика месечна „промена на масло“, а во Јужна Африка твојата „баба е заглавена во сообраќај“.
Премногу еуфемизми само за да се избегне да се изусти тој страотен збор: менструација. Но табуто околу менструацијата е мошне неодамнешен тренд во човековата историја.
На пример, во aнтичка Индија менструацијата не била сметана ниту како срамна, ниту како нешто што се потиснува. Наместо тоа, таа била божествен дар, со тоа што менструалниот циклус често се споредувал со природниот ритам и годишните времиња на мајката Земја. Менструацијата била призната како природен и важен процес, означувајќи ја транзицијата во зрелоста за личноста што менструира. Овој момент бил прославуван преку церемонијата менарха.
Менархата е првата менструација на девојката и се слави во тек од 11 до 16 дена. Таа била сметана како влезот на девојката во општеството, со тоа што таа е официјално призната како жена. Тука ритуалите и знаењата за менструацијата се пренесуваат на девојките. Верувале дека позитивни сеќавања на првата менструација ќе овозможат следните менструации да бидат исто толку пријатни. Сепак, ова било нож со две острици, затоа што после менархата следела венчавката на девојката. Во индиската култура од тој период венчавката означувало тоа дека ќерката станувала дел од семејството на нејзиниот маж и дека не ѝ било повеќе дозволено да го посети нејзиното, правејќи ја менархата последната семејна прослава. Во денешно време, за среќа, таа е церемонија за созревање што и така ретко се прославува.
Мислењата кон менструацијата биле слични во античка Грција, каде била сметана за показател на плодноста на жената и како прочистување на телото. Грците не ја гледале менструацијата како само процес за жени и таа ја одвојувале од родот, затоа што според нивното разбирање и мажите можеле да менструираат. Оваа менструација, или крварење, се појавувала во случаи како хемороиди со крварење. Според тоа, положбата на жените во античка Грција не била специфично поврзана со менструацијата. За жал, како и во Индија, во Грција речиси веднаш следела венчавката на девојката. Згора на тоа, не биле наследени посебни ритуали како во Индија, па жените претежно си продолжувале со нивното секојдневие како и обично. Но, како тие го правеле тоа додека крвареле?
Тампонот и влошката се модерен изум како и табуата околу менструацијата. Па повеќето од времето само врзувале стара облека околу половата област. Но, во повеќето случаи слободното крварење било стандард и воопшто не биле користени хигиенски средства. Иако често има дискусија за митот на предвесникот на тампонот, не е најдено доказ за да се поддржи тоа. Па најверојатно било грешка при превод.
Со подемот на религиите како христијанството, нашиот поглед кон менструацијата постепено се смени. Менструацијата стана нечиста, но не во научна смисла, туку во религиозната идеја за да се биде чист. Јудаизмот и исламот исто така ја сметаат како ритуално нечиста, воведувајќи до препреки во религиозниот живот. И хиндуизмот забранува посета во храм, што значи исклучување на жените од важен дел на нивниот социјален живот. Концептите за чистота до ден денес се држат цврсто во нашите општества, а иако нема повеќе виши свештеници, храмови и жртвени ритуали, сѐ уште се бориме да се оттргнеме од срамот што се прилепува за нас, долготрајна мрачна сенка фрлена од нашите предци.
Па, како ја гледавме менструацијата во модерна Европа?
Со модерноста, идејата на жената како физички потчинета била конечно создадена во науката. Дарвин, како еден од најпознатите поборници за овие верувања, тврдел дека сите физички проблеми почувствувани од жените требале да се гледаат како слабост. Медицинската професија доминирана од мажи со милост го прифатиле ова гледиште и го користеле за да ги именуваат многу од жалбите на жените низ кои минувале за време на менструациите како хистерија. Затоа што никој маж не знаел што се случува во женското тело, тоа било одличен начин за да се скрие нивниот недостаток на знаење.
За среќа, хистеријата денес не е сметана за болест. Во тоа време најмногу ги појаснувала симптомите на тие за предменструацијата, почнувајќи од болка во абдоменот, промени во расположението и замор до вртоглавица. Зборот потекнува од грчкото „хистерија“, што значи матка. Па сите овие симптоми наводно биле поврзани најмногу поради тоа што жените имале утроба. Менструацијата не била повеќе гледана како едноставен процес на прочистување на телото, туку стоела зад „потчинетоста“ на жените. Ова гледиште не било брането само од науката, туку и од црквата каде менструацијата била валкана и нечиста. Но, за нив не била крвта валкана, туку жените како личности кои биле духовно нечисти. Затоа, сликата на менструацијата се сменила од ритуал за прочистување и показател на плодност во нешто грозно и одбегнувачко.
Табуто околу менструацијата не постоело од антички времиња секаде во светот, како што се тврди обично, тоа се појавило во почетокот на 18-от век и со подемот на христијанската црква. Денес ова табу постепено се распаѓа. Сепак, сè уште има многу недостатоци, најмногу кога станува збор за разбирање на менструацијата преку историјата. Луѓето често само претпоставуваат дека нашиот поглед кон менструацијата како грозна и срамна сигурно постоел отсекогаш, па затоа е логичен. Но, ова не е случајот и сè уште треба повеќе да се истражи, за сепак да научиме многу од знаењата на нашите предци.
Нели Винзер
Превод: Симона Јолеска
Извори:
Wieso wurde Menstruation so negativ gesehen? | fragen.evangelisch.de
Bullshit-Begriffe für das Wort “Menstruation”
Periode im antiken Griechenland: Was war anders? – Vulvani
From Riches to Rags: The Evolution of Menstrual Taboos in India | The Swaddle


Leave a comment