Gender talks – Struga

Oбуката “Gender Talks” Струга, Македонија од 4ти до 13ти април 2016 година.

Родовата дискриминација претставува проблематика која што бара особено внимание во државите учеснички на обука ‘Gender Talks’ (Родови разговори). Зависно од развојот на државата, родовата дискриминација може да има различен степен на влијание, но дури и во 21от век сеуште претставува реален проблем кој директно влијае врз можностите за личен и професионален развој кај младите луѓе, неопходен за обезбедување на поквалитетен живот.

eqaul

Така, обуката ‘Gender Talks’’ има за цел да даде осврт на проблемите поврзани со родовата дискриминација од различни аспекти преку користење на моќта на медиумите, а со цел да придонесе кон создавање на општество без стереотипи и дискриминација кое што ќе им овозможи на младите луѓе, без оглед на нивниот пол и род, целосно да го развијат сопствениот потенцијал и да учествуваат во општествениот живот.

Оваа обука со наслов  ‘Gender Talks’’ е организирана од страна на македонската организација Волонтерски Центар Скопје и Данската телевизија Indvandrer TV од Арус, Данска, а којшто се одржува во Струга- Хотел Солферно (Црвен Крст на ГС) од  4ти до 13ти април 2016 година.

42

За време на проектните активности, 34 претставници на разни организаци и институци кој работат на тоа поле кои што доаѓаат од 12 различни држави  (Данска, Македонија, Хрватска, Грција, Турција, Словенија, Латвија, Словачка, Романија, Германија, Италија и Полска) имаат можност да ги развијат сопствените капацитети, особено во областите на родовата еднаквост, медиумите и проектниот менаџмент.

 

Медиумите играат значајна улога во процесот на создавање и кршење на родовите стереотипи, но покрај тоа имаат и моќна улога во поткревање на свеста помеѓу луѓето, како и во презентирање на нови теми во јавноста. Така, со оваа обука имаме за цел да ги зголемиме способностите на учесниците за примена на различни медиумски алатки коишто ќе можат да ги применат во пракса со цел да им посветат внимание на оние проблематики поврзани со родовата нееднаквост од нивно значење и интерес.

1

Со оглед на тоа, Обуката е наменета за младинските работници коишто работат во полето на родовата дискриминација и медиумите, а коишто се мотивирани да ги применат здобиените способности во нивните работни практики. Во обуката се вклучени не само искусни младински работници, туку и почетници,се со цел да се обезбеди поддршка во процесот на учење помеѓу двете групи.

2000px-Igualtat_de_sexes.svg

Понатаму, на 8ми април, професорката од University of Southern Denmark, Qi Wangод Кина, како гостин  ќе одржи презентација и ќе говори на темата ‘Родовата нееднаквост во Кина’.

Овој проект е организиран со поддршка од страна на Еразмус+ програмата на Европската Комисија.

 

zapoznavanje

Nikola Stankoski & Quentin Mauboussin

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: