Македонски

ЦЕРН

Ако го слушате ова име за прв пат, веројатно не можете ни да претпоставите што би можело да биде. Нов рок состав, или нов производ, можеби од чоколадната индустрија? Или нова фирма во Берлин, Германија?

Иницијалите ЦЕРН означуваат: „Eвропска Организација за Нуклеарно Истражување“.

Основана е во 1954. 12 земји земаат учество: Франција, Норвешка, Шведска, Белгија, Данска, Холандија, Луксембург, Југославија, Италија, Грција, Германија и Швајцарија.

map-etats-membres-2016-en

 

На почетокот идејата била да се изгради лабораторија за истражување во областа на атомски нуклеи. Но набрзо сите сметале дека е поинтересно да изучуваат честична физика, главно интеракцијата помеѓу субатомските честички. Локацијата на ЦЕРН е близу Женева на швајцарско-француската граница. Експерименталните локации се лоцирани под земја, некои на територијата на Швајцарија, некои на Франција. Главната локација е Мерин (Meyrin), Швајцарија. Интересно е што целиот терен е под Швајцарска јурисдикција.

lhc

ЦЕРН е одговорнаа неколку важни достигнувања во полето на честичната физика. Последното достигнување се случува во јули 2012, долго бараната честичка Higgs Bosom (Хигз- Бозон). На една од експерименталните  локации ЦЕРН успеа да докаже дека некои фундаментални честички имаат маса, кога всушност не би требало да имаат. Во 1964 Питер Хигз и други физичари ја предложуваат можноста за постоењето на таква честичка. Во 2013 Хигз е награден со Франсоа Енглерт Нобелова Награда за физика.

am_englert_1_image

Но има и уште нешто по кое ЦЕРН е позната.Тоа е родното место на World Wide Web. Главната област на Мерин имала голема компјутерска опрема. Тука, биле собирани многу експериментални дата анализи, имало потреба овие информација да се направат достапни за истражувачите ширум светот, па така денес сите можат да ја користат оваа голема платформа за да собираат информации.

timbernerslee

Денес, ЦЕРН има преку 22 членови вклучувајќи го и Израел како единствената не европска земја со целосно учество. Во иднина можеме да бидеме сигурни дека ЦЕРН ќе открие многу нови работи и ќе ни помогне да објасниме интересни аспекти од физиката.

Од  Доминик Даниел

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s