Австралија
Австралија е голем континент со површина од 7.692.024 километри квадратни. Главен град е Канбера, и покрај тоа што Сиднеј е најголемиот и на сите нас попознат град. Времето во Австралија има две сезони, сува и влажна. Сувата сезона започнува во Мај и трае до Октомври, а останатите влажни австралиските зимски месеци. Како и да е, зимите во тропските предели не се толку ладни колку зимите во северните држави. Просечната дневна температура изнесува 20 степени, но ноќите знаат да бидат многу поладни.
Умерените региони во Австралија се наоѓаат на јужните и југо-источните делови од континентот. Тие ги опфаќаат Тасманија и крајбрежните подрачја на Нов Јужен Велс, Викторија и Јужна Австралија. Австралија нуди различни пејсажи, богата флора и фауна и многу атракции.
Во продолжение ви ги претставувам моите топ 5 дестинации кои морате да ги посетите во Австралија.
Островот Фрејзер
Овој остров се смета за најголемиот песочен остров во светот со површина од 1840 километри квадратни. Островот има дождовни шуми, еукалиптус, шуми, мангрови шуми, мочуришта, песочни дини и крајбрежни тревници. Езерата кои се наоѓаат на овој остров се сметаат за едни од најчистите езера во светот.
Популарен туристички предел е Езерото Мек Кензи, кое е лоцирано на копното на малиот град Еуронг. За овој остров карактеристични се кучињата Динго. Овие кучиња се едни од последните чисти раси на Динго во Источна Австралија и за да се спречи мешање на расата не се дозволени други кучиња на овој остров.
Karijini NP:
Паркот е лоциран во Hamersley во регионот Пилбара во северо-западниот дел од Западна Австралија. Најпрепознатлив е по клисурите, кањоните и водопадите и посетителите имаат можност да пливаат во ладните базени.
Температурата на лето достигнува до 40 степени целзиусови, додека, пак, зимските ноќи се доста ладни.
Whitsunday Islands
Островот е достапен со брод од пристаништето на Airlie Beach и Shute Harbour, како и Hamilton Islands. Глетката е неверојатна а песокот се состои од 98% чист силициум што му дава светла бела боја. Плажата беше наградена за најчиста плажа во Квинсленд, Австралија во 2008 година.

Ningaloo Reef
Брегот Нингалу е дел од светското наследство кое се наоѓа во северо-западно крајбрежниот регион на Западна Австралија. Познае е по китовите и ајкулите кои се хранат таму во текот на март па се до јуни. Гребенот е исто така богат со корали и други морски животни.
Во текот на зимските месеци, гребенот е дел од миграциските рути за делфини, китови и други морски животни.Освен Големиот корален гребен, Нингалу не е толку преполн со туристи. Тоа е причината зошто јас го преферирам овој гребен.

Great Ocean Road
Големиот океански пат започнува во Torquay и патува 244 километри западно да заврши во Allansford во близина на Warrnambool, најголемиот град долж патот. Патувањето преку овој пат овозможува пристап до неколку познати знаменитости, вклучувајќи го и варовникот на Дванаесетте апостоли. Исто така, на овој пат можете да сретнете и коали.

Се надевам дека текстот ви остави убав впечаток за Австралија. Доколку имате можност да одите таму и да ја истражите оваа прекрасна земја ви ветувам дека ќе си поминете најубаво!
Автор: Патрик Циммерман
преведе: Ангела Рајчевска


Leave a comment